Кратка биографија на Стипе Божиќ
Само дел од позначајните искачувања на Стипе Божиќ (превземено од официјалниот сајт) :
1975 Хиндукуш – Авганистан. Врв Ношак (7942м) по Јужниот Гребен со Борис Сиришчевич
1979 Хималаи – Монт Еверест (8848м) по Западниот Гребен (нова насока) на врвот со Анг Пу и Стане Белак – Шрауф. Анг Пу загинува на симнување.
1981 Хималаи – Лотце (8561м) Нова насока со Словенечка експедиција. Стипе солирал од 7500 до 8150м и го поставил последниот 6-ти логор.
1982 Химали Канг Гуру (7000м). Хрватска експедиција на западната страна. Стипе на врв со Бранко Шепаровиќ и Владимир Месарица. Шепаровиќ се спуштил со скии.
1983. Хималаи – Манаслу (8613м) Неуспешна Сплитска експедиција преку јужната страна. Анте Буцан и Нејц Заплотник загинуваат во лавина
1984. Хималаи – Манаслу (8163м). Хрватско – Словенечка експедиција од 4 члена. Стипе на врв стигнува со Вики Грошељ
1984 Алпи – Ајгер. Класичната насока по северната страна заедно со Ед Ретељ.
1985 Алпи – Гранд Жораз. По Касин со Ед Ретељ
1986 Јосемити – Ел Капитен. Насоката Трипл Директ со Ивица Матковиќ и Зденко Мијаниќ
1989 Хималаи – Еверест (8848м) по југоисточен гребен. На врв со Вики Грошељ, Димитар Илиевски и Шерпасите Сонам и Агива. На симнување исчезнува Димитар Илкиевски од Македонија.
1990 Алпи – Матерхорн. Класичната насока по северната страна – соло.
1991 Хималаи – Кангченџунга (8586м) Јужната страна со Словенечка Меѓународна експедиција. Учествувала и Ванда Руткиевич од Полска. Стипе на врв се качува со Вики Грошељ. 2 дена подоцна загинуваат Марија Франтар и Јоже Рожман.
1992 Хималаи – Анапурна (8091м). Неуспешна словенечка експедиција по јужната страна
1993. К2 – Каракорум. По гребенот Абруци. На врвот се искачува со Вики Грошељ, Карлос Карсолио и Звонко Пожгај. Од висинска болест умира Боштјан Кекец на 8000м
1995 Хималаи – Анапурна. Француската насока во северната страна. Стипе и Вики стигнале до 7700м. Два дена подоцна браќата Даво и Андреј Карничар заедно со Карлос Карсолио се качуваат до врвот. Браќата Карничар скијаат се симнуваат со скијање.
1996. Хималаи – Еверест. Словенечка скијачка експедиција на северната страна. Стипе се качил до 7000м за да го снима Даво Карничар како се спушта со скии од врвот, но времето било лошо
1996 Алјаска - Монт Мекинли. Соло по Меснеровата насока
1996 Африка – Монт Кенија. По северната страна со Владимир Месариќ
1997 Антарктика – Монт Винсон. Нова насока во југозападната страна со Вики Грошељ, Рафко Водишек и Стане Клеменц. После ова се качува на нов врв и му дава име Croatia .
1999 Северен Пол – од Сибир до Северниот Пол на скии во склоп на меќународна поларна експедиција
1999 Хималаи – Даулагири (8167м) Стигнува до 7000м следејќи го и снимајќи го Томаж Хумар по јужната страна.
2000 Елбрус по нормална насока и со скии надолу
2001 Монт Логан (6025м) – Канада
2002 Пико Оризаба во Мексико (трет по височина во Северна Америка)
2003 Пари Лапча – неискачен врв во Хималаите од 6000м
2003 Пакистан – Нанга Парбат – неуспешна експедиција на Томаж Хумар |