Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10
|
Брента
-Претставување на европскиот рај за качување на карпа
Иако регионот Брента географски е издвоен од остатокот од Доломитите сепак некои работи го прават неразделен дел од нив – тој се состои од најквалитетниот варовник кој може да се најде во Доломитите, а неговите кули и ѕидови се издигнуваат од земјата – одеднаш, како што тоа го прават и во другите региони кои се на исток.
Генерално карпата во овој регион е црвста и експонирана, но нејзиониот квалитет се намалува кога се намалува и аголот на карпата и при излезните должини. Врвовите во Брента се високи – некои од нив и повисоки од 3000 метри, а некои на нив сé уште имаат и остатоци од поранешните глечери. Овие факти ги прават искачувањата вистински предизвик.
Како база за овој регион се смета градот Мадона ди Кампиљо (1522м) од каде се оди кон насоките преку планинските домови Такет, Педроти и Брентеи.
До домовите Брентеи (2120м) и Такет (2268м) од Мадона ди Кампиљо се стигнува за околу 2 часа, а до домот Педроти (2496 м) за околу 3 и пол часа.
Поважни локалитети:
Кастелето Инфериоре (2601м) – до јужната страна на оваа планина се стигнува за околу 15-тина минути од домот Такет. Насоките се со должина од 250 метри, а за симнувањето е потребен абзел и до домот од врвот се стигнува за околу 2 часа
Гуља ди Брента (Кампаниле Басо) (2883м) – ова е кула до која се стигнува преку домот Педроти за околу 45 минути и на нејзините различни страни има насоки високи од 110 метри до 350 метри. За симнувањето има потреба од абзелување и од врвот до домот се потребни околу 2 часа.
Крозон Ди Брента (3135м) – До северо-источната страна се стигнува за околу 2 часа од домот Брентеи. Насоките се со должина од околу 800 метри и од врвот од домот се потребни околу 4 часа
Брента Алта (2960м) – До северо-источната страна се стигнува за околу 1 час од домот Педроти. Насоките имаат должина од околу 550 метри и од врвот до домот потребни се околу 1 и пол час.
Торе Дамбиез (2840м) – До источната страна се потребни околу 30 минути од домот Агостини (2410м) до кој од Мадона ди Кампиљо се стигнува за околу 4 часа. Насоките се со должина од околу 250 метри и од врвот до домот се потребни околу 2 часа за враќање.
Чима Дамбиез (3102м) – Преку домот Агостини до јужно-источната страна се стигнува за околу 45 минути. Насоите се со должина од околу 200-250 метри и од врвот до домот се потребни околу 1 и пол час за враќање. |
|