Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10
|
Трите кули на Лаваредо
-Претставување на европскиот рај за качување на карпа
Трите кули на Лаваредо
Еден од најпознатите локалитети во Доломитите, каде во текот на летото има илјадници - качувачи и туристи.
Големата кула на Лаваредо (2998м) - насоките на Големата Кула на Лаваредо на северната и јужната страна се високи околу 450 метри, а на западната околу 250 метри. До нив се стигнува за околу 45 минути - 1 час, а за враќање се потребни околу 2 и пол часа. Почетна точка е домот Ауронцо (2330м).
Малата кула (2857м) - Насоките на Малата Кула на јужната страна се високи околу 350 метри и до нив исто така од домот Ауорнцо се стигнува за околу 45 минути, а за враќање се потребни околу 2 часа.
Најмалата кула (2700м) - Насоките на Најмалата Кула на северо-источната и на јужната страна се високи околу 250 метри. До нив од домот Ауронцо се стигнува за околу 15 минути, а за враќање се потребни коколу час и половина.

|
|