Други текстови за Доломити:

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08,

- Наши искачувања во Август '10

 

Дома

Катиначио (Розенгартен)

-Претставување на европскиот рај за качување на карпа

Ова е најзападниот дел од Доломитите. Во неговото срце се наоѓаат големата Чима Катиначио и кулите Вајолет. Историјата тука најмногу наметнала имињата на локалитетите, насоките и домовите да бидат и на италијански и на германски...

Локалитети:

Чима Ориентале Ди Валбона (Источен Валбоншпиц) (2705м) – До северо-западната страна се приоѓа преку домот Бергамо (2129м). До овој дом се стигнува по 3 часовно пешачење од Чаминшвајге во долината Тирс. Насоките се долги околу 400 метри, а за симнување е потребно 1 час - абзелување.

Рода Ди Ваел (Ротванд) (2806м) – До западната страна се стигнува преку последната станица на жичарата на планинскиот премин Карер (1745м). Овде се наоѓа домот Паолина (2127м). Од него до под насоките се стигнува за околу 1 час, а исто толку е потребно и за враќање. Насоките се долги околу 400 метри.

Чима Катиначио (Розенгартеншпиц) (2981м) – до насоките на источната страна се приоѓа преку домот Вајолет (2243м) за околу 45 минути. До овој дом се стигнува од домот Гардечиа (1950м) за околу 45 минути, а до Гардечиа се стигнува со такси/автобус од местото Пера ди Фаса (1326м). Насоките се долги околу 600 метри, а за вражање се потребни околу 2 часа до домот Вајолет.

Пунта Ема (2617м) – Од домот Вајолет до под насоките на источната страна се стигнува за околу 15 минути. Насоките се високи околу 250 метри, а за симнување се потребни околу 45 минути.

Кулите Вајолет : Кулата Делаго (2790м), Кулата Штабелер(2805м), Кулата Винклер (2800м) –Приод од домот Алберто (Гартл – германското име) (2621м) до сите кули околу 15-20минути, До овој дом се стигнува за околу 2 часа од домот Гардечиа (види погоре). Насоките се долги од 100-150 метри. Симнувањата се околу 45 минути со абзелување.

На фотографијата е Катиначио масивот со Розенгартеншпиц во средина, Вајолет Кулите на десниот крај од масивот, Пунта Ема (карпата под Розенгартеншпиц)...

Copyright © Alpinizam.org