Други текстови за Доломити:

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08,

- Наши искачувања во Август '10

 

Дома

Помагањон, Кристало и Кадиншпицен

-Претставување на eвропскиот рај за качување на карпа

Групата Помагањон го затвара кругот на север од Кортина Дампецо. Најимпресивните искачувања овде се на врвот кој е на крајниот западен дел – Пунта Фиамес.

Пиц Попена Басо е ситуиран над езерото Мисурина и географски му е доделен на регионот Кристало кој се надоврзува на источниот дел на Помагањон. Одличен локалитет со добро обезбедени насоки кои имаат краток и едноставен пристап и симнување од врвот.

Директно спроти Попена Басо се наоѓа Кадиншпицен. Тоа е релативно непозната група за алпинистите. Сепак овде се направени неколку кратки, добро обезбедени насоки на карпа која е јужно експонирана и тие се вистинско уживање.

Поважни локалитети:

Пунта Фиамес (2240м) – Автомобилот се паркира на излезот на север од Кортина Дампецо – на паркингот на болницата на градот. Приодот од паркингот до под насоките трае околу 2 часа. Насоките се високи околу 400 метри, а од врвот симнувањето трае околу 1 и пол час и не е потребно абзелување.

Пиц Попена Басо (2224м) – Се паркира на езероро Мисурина и од таму до под насоките на источната страна се потребни околу 45 минути. Насоките се високи околу 130 метри и од врвот до паркингот потребни се 45 минути за симнување – без азбел.

Торе Вунд (2517м) – Од домот Фондо Савио (2359м) (има одвојување од патот од езерото Мисурина кон Тре Чиме) до под насоките на јужната страна се стигнува за 15 минути. Насоките се високи околу 200 метри и од врвот се прават неколку абзелувања, а за враќање се потребни околу 45 минути.

Пјаноро Деи Токи (2675м) – Пристап од домот Фонда Савио – насоките на источната страна за 15 минути. За враќање се абзелува по насоките кои се високи околу 150 метри и потребно е околу 1 час да се стигне до домот назад.

Ил Гобо (2560м) – Од домот Фонда Савио до под насоките на северната страна се стигнува за околу 45 минути. Насоките се високи околу 100 метри и од врвот се абзелува по нив, назад до домот – за околу 1 и пол час.

Торе Дел Дјаволо (2598м) – Повторно приодот е од домот Фонда Савио. До под насоките на источната страна се стигнвуа за околу 45 минути. Тие се високи околу 130 метри, а за враќање потребни се околу 1 и пол час – со абзелување.

Пунта Кол Де Варда (2504м) – Приодот се прави од горната станица на жичарата Кол Де Варда до која за еден час пешачење се стигнува од езерото Мисурина. Од станицата до под насоките на северо-западната страна се стигнува за околу 30 минути. Насоките се високи околу 200 метри, а за симнување се потребни околу 45 минути – не е потребно абзелување.

Кампаниле Дулфер (2706м) – Приод од домот Чита ди Капри (2110 m). До овој дом се стигнува за околу 90 минути пешачење од јужниот крај на езерото Мисурина. Од домот до под насоките на источната страна се стигнува за околу 45 минути. Насоките се високи околу 300 метри и за симнување се потребни околу 3 часа – комплицирано симнување и абзелување.

Copyright © Alpinizam.org