Други текстови за Доломити:

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08,

- Наши искачувања во Август '10

 

Дома

Мојаца

-Претставување на eвропскиот рај за качување на карпа

Мојаца реално е јужниот дел на Чивета, но тие се водат како два посебни региони. Најмногу се разликуваат по карактерот на карпите – додека Монте Чивета е претставена од застрашувачката 1000 метри висока северо-западна страна, Мојаца е многу поблага. Токму поради тоа таа е и релативно помалку позната за алпинистите кои доаѓаат од други земји, но приодот и симнувањето е пократко и не толку проблематично, а стартот за повеќето насоки е од домот Вацолер кој се наоѓа во прекрасно опкружување и тоа ја прави интересна.

Пала Деле Масенаде (2413м) – До насоките на јужната страна се стигнува преку домот Карестиато (1834м) за околу 30 минути. До овој до се стигнува преку планинскиот премин Дуран (1601 м) каде се наоѓа и домот Томе за околу 45 минути. На јужната страна насоките се издигнуваат до 300 метри и од врвот до домот Карестиато се потребни околу 1 час за враќање. За враќање – по патека.

Од насоките на југо-источната страна се симнува виа-фератата „Константини“. Времињата се исти од домот Карестиато, а насоките се високи до 250 метри.

Пунта Агордо (2300м) – Приодот до насоките на западната страна се прави преку домот Вацолер (1725 м) за околу 1 час. До него се стигнува преку домот Триесте (1135м) (тука се паркира автомобилот - по тесен и неасфалтиран пат од селото Листоладе (682м)) за околу 90 минути. Насоките на западната страна се високи до 280 метри и од врвот до домот се потребни околу 1 и пол час.

Торе Венеција (2337 м) – Преку домот Вацолер (види претходно) до под насоките се стигнува за околу 2 часа. На југо-западната страна насоките се високи околу 300 метри, а од врвот за враќање се потребни околу 1 и по час.

На јужната страна се стигнува за околу 30 минути, а тука насоките се високи околу 450 метри. Времето за враќање е исто.

Торе Ди Бабеле (2310м) – Преку домот Вацолер (види претходно) до под насоките на јужната страна се стигнува за околу 45 минути. Насоките се високи до 300 метри, а за враќање се потребни околу 1 и пол час.
Copyright © Alpinizam.org