Други текстови за Доломити:

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08,

- Наши искачувања во Август '10

 

Дома

Фанес и Тофана

-Претставување на eвропскиот рај за качување на карпа

Распрскана група на планини со прекрасни насоки и убави погледи. Сите насоки овде се околу преминот Фалзарего и најдобро место за база е градот Кортина Дампецо.

Локалитети:

Пиколо Лагацуои (2778м) – од преминот Фалзарего пристапот до јужно-западната страна трае околу 30 минути. Насоките се високи околу 250 метри а симнувањето трае околу 45 минути.

Сас Ди Стриа (Хексенштајн) (2477м) – насоките на јужната страна се високи околу 150 метри, а пристапот е од патот од преминот Фалзарего до преминот Валпарола и потребни се околу 20 минути. За симнување потребни се околу 45 минути.

Кулите на Фалзарего (c. 2500м) – насоките на јужната страна на Малата Кула на Фалзарего се високи околу 130 метри, а на западната страна на Големата Кула се високи околу 150 метри. Пристапот се прави од паркингот на ресторанот 1км пред домот Фалзарего кога се оди од Кортина. До под насоките се стигнува за околу 30 минути, а за симнување се потребни околу 1 час.

Кол Деи Бос (2450м) – насоките на јужната страна се високи околу 250 метри и од патот од Кортина кон Фалзарего (на знакот 108,5км) до нив се стигнува за околу 30 минути, а за враќање се потребни околу 1 час.

Тофана Ди Розес (3225м) – Огромна страна која ве остава без здив со својата грандиозност и насоки од 500 до 800 метри. Од домот Дибона (2000м) до кој се стигнува со автомобил од патот Кортина-Фалзарего до под насоките се стигнува за околу 1 час во зависност на кој дел од страната сакате да качувате. За симнување се потребни околу час и половина.

Copyright © Alpinizam.org