Дома

Доломити

-Претставување на eвропскиот рај за качување на карпа

Доломитите се планински масиви кои се наоѓаат во северна Италија – конкретно во провинциите Белуно, Болцано и Тренто. Се простираат на голема територија и се вистинска туристичка Мека поради обликот на карпите кои се извишуваат застрашувачки кон небото. Тие се и спортска Мека - најчесто практикувани активности се планинарењето, алпинизмот и скијањето, а најпознати центри се градовите Кортина Дампецо, Ауронцо, Араба, Ортисеи и Сан Мартино ди Кастроца.

Овде започнала да се пишува модерната историја на качувањето на карпа уште пред повеќе од сто години, а свои траги покрај тие алпинисти од минатото, оставаат и најдобрите алпинисти денес.

Постојат неколку региони кои се многу значајни во светот на алпинизмот. Кликнете на соодветниот линк за повеќе информации:

- Сасолунго (Лангкофел), Села, Пуез, Стевиа

- Катиначио (Розенгартен)

- Мармолада

- Фанес, Тофана

- Помагањон, Кристало, Кадиншпицен

- Тре Чиме

- Босконеро, Мецоди

- Мојаца, Чивета

- Пала

- Брента

Напомена: Од овие региони одвоени се само најпознатите локалитети за качување. За секој од тие локалитети напишано е времето потребно за приод од најблискиот град или планински дом до под насоката, времето потребно за враќање од врвот до почетното место и должината на насоките. Сакаме да напоменеме дека било кое искачување во овие планини (повисоки од 2000 метри, а некои и од 3000 метри) е многу сериозно - насоките треба да се качуваат со поставување на сопствено обезбедување, симнувањето често се прави по многу експониран терен и со абзелување, а сето тоа во изолирани средини во кои често сте и оставени сами на себе. Без разлика колку некои од овие карпи ќе ви изгледаат едноставни од било кој аспект - знајте дека не е така!

Други текстови за Доломити:

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08,

- Наши искачувања во Август '10

Copyright © Alpinizam.org