Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10
|
Мармолада
-Претставување на европскиот рај за качување на карпа
Мармолада е највисоката планина во Доломитите и таа има две лица. Кога се гледа кон неа од север, таа е единствената планина со снег на неа и заслужено го добила епитетот „Кралица на Доломитите“. Нејзината јужна страна пак претставува импресивен ѕид од 800 метри. Сите насоки се долги, а планината висока па се препорачува да се носи бивак вреќа. Приодот пак се прави преку најчесто преку домот Фалиер (2080м) до кој се стигнува за околу 90 минути од селото Малга Кјапела (1450м). Исто така се препорачува да се носат и дерези, крампони и високи чевли поради снегот на симнувањето кој води до планинскиот премин Федаја (2057м).
Поважни врвови:
Мармолада Ди Пениа (3343м) – до јужната страна се стигнува за околу 2 часа од домот Фалиер (види погоре). Насоките се долги околу 650 метри, а од врвот до домот се потребни околу 2 и пол часа. Првата насока е направена во 1901 година!
Мармолада Ди Рока (3309м) – до јужната страна се стигнува за околу 1 час од домот Фалиер (види погоре). Насоките се долги околу 800 метри и од врот до преминот Федаја (околу 5км од селото) потребни се околу 3 часа за симнување.
Мармолада Домбрета (3247м) – до јужната страна се стигнува за околу 1 час од домот Фалиер (види погоре). Насоките се долги околу 750 метри, а за симнување потребни се околу 3 часа до преминот Федаја (околу 5км од селото).
|
|