Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08,
- Наши искачувања во Август '10
|
Сасолунго (Лангкофел), Села, Пуез и Стевиа
-Претставување на европскиот рај за качување на карпа
Сасолунго и Села масивите се две области кои се одделени од планинскиот премин Села. Овие локалитети се и различни еден од друг. Додека Села е претставена од кулите кои се јужно експонирани и „фини“, Сасолунго е многу силно изразено планинско искуство кое се доживува во изолација. Во нивна близина се наоѓаат и Пуез и Стевиа – карпите во овие области изгледаат нестабилни, но и тука има неколку убави класични линии.
Локалитети:
Сасолунго (Лангкофел) (3181м) Насоките на источната страна се со должина од околу 800 метри и потребни се околу 1 час за пристап од домот Села. За враќање се потребни околу 4 часа „комплицирано“ симнување.
Сасо Леванте (Громаншпиц) (3126м) Насоките на јужната страна се високи околу 500 метри и потребни се околу 1 и пол час за пристап од домот Села (2176м). За симнување потребни се два и пол часа
Пунта Пјан де Сас (Кулата Инеркофлер) (3081м) Насоките на јужната страна се високи околу 500 метри. Пристапот е од домот Села и потребни се околу час и половина за пристап и симнување од врвот до домот.
Кулите Села: Првата Села Кула (2533м), Втората Села Кула (2597м), Третата Села Кула (2688м) До насоките во овој еден од најпознатите локалитети во Доломитите се стигнува од 15 до 30 минути од преминот Села во зависност до која кула и која насока сакате да стигнете. Насоките на Првата Кула се високи околу 180 метри, на Втората Кула околу 250 метри, а на Третата Кула околу 300 метри.
Пиц Чјавазес (2828м) Насоките на јужната страна на овој локалитет се високи околу 250 метри, а до нив од патот пред преминот Села се стигнува за околу 15 минути. За симнување се потребни околу 1 час.
Пиц Пордои (Пордоишпиц) (2952м) Насоките на северо-западната страна се високи околу 800 метри. Пристапот започнува од паркингот на ресторанот Pian Schiavaneis (1877m) која се наоѓа на патот од Каназеи кон Села. До насоките се стигнува за околу 45 минути, а за враќање се потребни околу 2 и пол часа.
Toре Фиренце (2493м) Насоките на северо-западната страна се високи околу 500 метри. До нив се стигнува преку патека од местото Сент Кристина (1570м) за околу 1 час. За враќање се потребни околу 1 и пол час.
|
|