Други текстови за Доломити:

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08,

- Наши искачувања во Август '10

 

Дома

Босконеро и Мецоди

-Претставување на eвропскиот rај за качување на карпа

Ова се две сокриени групи на истокот на Доломитите. Иако во чисти услови Босконеро се гледа од Кортина Дампецо како чист бел заб, овие карпи станале интересни и попосетувани после 60-тите и 70-тите години од минатиот век и покрај тоа што висината им е иста како на Тре Чиме.

Приодот до насоките започнува од домот Касера ди Босконеро (1455м) во кој може да се сместат 40 луѓе. До домот се стигнува од паркинг на езерото Понтесеи за околу 90 минути.

Поважни локалитети:

Сас Ди Босконеро (2436м) – Од домот Босконеро до под насоките на северо-западната страна се стигнува за околу 1 час, а исто толку е потребно и за симнување од врвот. Насоките се долги околу 600 метри.

Рочета Алта (2412м) – пристапот до насоките на северо-западната страна е преку домот Босконеро и потребни се околу 30 минути. Насоките се високи околу 650 метри и за симнување потребни се 1 и пол час.

Шпиц Ди Мецо (2324м) – Пристапот е преку домот Бивак Карниели (2010м) до кој се стигнува за околу 2 часа од локален пат. Од овој дом до под насоките на југо-западната страна се стигнува за околу 15 минути, а за симнување се потребни околу 2 часа од врвот. Насоките се високи околу 350 метри.

Copyright © Alpinizam.org