Други текстови за Доломити:

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08,

- Наши искачувања во Август '10

 

Дома

Пала

-Претставување на eвропскиот рај за качување на карпа

Основни карактеристики за Пала регионот - одличен за качувачи кои уживаат да качуваат насоки со тежина до VI-, ДОЛГ пристап и честа појава на магла (од долината на реката По) која понекогаш создава погрешна слика дека се влошува времето, но одеднаш, како што се кренала маглата, така знае да се расчисти и да се појави Сонцето. Исто така симнувањата се коплицирани и долги и сепак овој регион не е за почетници… Основна база е градот Сан Мартино ди Кастроца (1460м).

Поважни локалитети:

Монте Мулаз (2904м) – До западната страна на оваа планина се стигнува преку паркиралиште (на 15-тина километри од Сан Мартино) за околу 2 и пол часа. Насоките се со должина од околу 350 метри, а симнувањето трае околу 2 и пол часа.

Чима Дела Мадона (2733м) – Од Сан Мартино се вози до паркингот на домот Малга Кивертаге од каде за 2 часа се стигнува до домот Вело (2358м). Од тука до насоките се стигнува за околу 15 минути, а тие се со должина од околу 400 метри, а за враќање се потребни околу 2 часа.

Чима Канали (2900м) - Од домот Прадидали (2278м) (3 часа пешачење од местото за паркинг за автомобилот) до насоките се стигнува за околу 45 минути. Тие се на западната страна на оваа планина и се издигнуваат околу 600 метри во височина. За враќање до домот се потребни околу 2 и пол часа (значи 5 и пол часа до автомобилот).

Чима Вилма (2777м) – Приод преку домот Прадидали (види претходно) за 45 минути. Насоките на јужно-западната страна се издигнуваат околу 300 метри и од врвот до домот се потребни околу 3 часа за враќање.

Пала Ди Сан Мартино (2987м) – Се приоѓа од домот Розета (2578м) за околу 1 час. До овој дом се стигнува за околу 5 минути од последната станица на жичарата која започнува во Сан Мартино. Насоките на јужно-западната страна се издигнуваат околу 600 метри и за враќање се потребни околу 3 часа до домот Розета.

Пала Дел Рефугио (2394м) – Приод преку домот Тревизо (1630м). До овој дом се стигнува за околу 45 минути од местото каде се паркира автомобилот. Од домот до насоките се стигнува за околу 30 минути, а од крајот на насоките на северо-западната страна кои се високи до 650 метри до домот се стигнува за околу 2 часа.

Сасо Дортига (2631м) – Преку домот Тревизо (види претходно) до под насоките се стигнува за околу 2 часа. Насоките на југо-западната страна се издигнуваат до околу 300 метри и од врвот до домот се потребни околу 1 и пол час за враќање.

Чима Дел Коро (2699м) - Преку домот Тревизо (види претходно) до под насоките се стигнува за околу 2 часа. Тие насоки на југо-западната страна се високи до 350 метри и од врвот до домот се потребни околу 3 часа за враќање.
Copyright © Alpinizam.org