Текст на Антонио Додевски за искачувањата во Маљовица во 2003 год. објавено во „Алпинист“
28.08.2003 (Четврток)
По поминатиот шести ден во шатори поради дождот кој не престануваше, седмиот ден времето беше како да немало никакви промени претходните два дена. Тој ден јас и Борче моравме да се спуштаме до ЦПШ за да се јавиме во Скопје како и дома, а најважно ни беше да купиме леб кој скоро и да го немавме во логорот, а и она малку што го имавме беше суво. Тој ден другите го искористија за качување на една прекрасна карпа позната по името „Иглата на монахот“, а ја качуваа насоката „Иван Вазов“ ( V/V+).
29.08.2003 ( Петок)
Осмиот ден слободно можам да кажам дека беше нај ефективен ден. Тој ден го искористувавме за качување на јужната карпа на врвот „Ушите“ на насоките „Класически“ ( IV/IV+), која и не претставуваше нешто посебно и на „ЦПШ“ – најтешката насока која ја качувавме во овие седум-осум дена. Насоката (во водичот за Маљовица) беше со оцена VI+/A4/A4e…
30.08.2003 (Сабота)
Последниот качувачки ден го искористивме за качување на Северо-источната карпа на врвот „Маљовица“ на насоката „Класически“ (V/V+). Самата насока воодушевуваше со нејзината должина (200м) и со својата северна ориентираност, но како технички проблем не претставуваше нешто посебно и според мене се губеше во сенка на насоката „ЦПШ“ од претходниот ден.
31.08.2003 (Недела)
Последниот ден го искористивме за посета на манастирот Св. Јова Рилски до каде ни беа потребни три часа спуштање од врвот Маљовица… |