Други поглавја:

- почетокот;

- 1924;

- 8-ми Јуни 1924;

- 1933 и 1979 (со фотка од поважните точки во оваа приказна);

- теорија на Холцел;

- 1999;

- заклучоци...

 

Дома

Мистеријата на Мелори и Ирвин

1999 – искачување и ново откритие

На експедицијата и остана последната задача – да „ја проба“ Втората Скала. На 17-ти Мај во 2 часот утрината, Анкер, Хан, Ричардс, Нортон и Шерпасите Дава Нуру и Анг Пасанг, го напуштаат 6-тиот висински логор и се упатуваат кон врвот. При зазорувањето, тие ја минуваат Првата Скала, а на остриот гребен помеѓу Првата и Втората Скала се откажуваат Џејк и Теп, а набрзо по нив и двајцата Шерпаси. По некое време откако биле видени како се приближуваат кон Втората Скала, Конрад Анкер се јавил во базата преку радио-станицата: „На врвот на Втората Скала сме!“ Тој се обидел да помине на два начини: прво по многу кршливи карпи на десната страна, а потоа по длабокиот снег и широката пукнатина од левата страна на алуминиумската скала (поствена од Кинезите во 1975) – при што во еден момент стапнал на неа (за одмор демек).

Третата Скала е занемарлива во однос на претходната и нејзе брзо ја минале и во 2:50 часот попладнето двајцата – Конрад и Дејв биле на врвот.

Ново откритие

Теп, Џејк и двајцата Шерпаси кои се вратија после Првата Скала, додека Конрад и Дејв качуваа кон врвот, околу Првата Скала почнале да бараат „стара и ’рѓосана“ боца за кислород која Ерик Симонсон (координатор на експедицијата) ја видел при неговото качување во 1991 година. По половина час пребарување тие пронашле стара боца – таа видена на последната фотографија со Мелори и Ирвин од 1924 година!

Крајни забелешки

Кинезот Ванг Хонгбао споменал дека „другото тело“ имало дупка во образот – тоа значи дека го видел со лицето свртено нагоре. Мелори беше откриен со лицето надолу и било очигледно дека бил во таква положба од моментот кога починал. Исто така Хангбао положбата ја лоцирал поблизу до 6-тиот висински логор.

Местоположбата на Мелори покажува дека тој загинал на симнување – од место подоле од тоа каде за последен пат биле видени од Одел. Искинатото јаже на кое сé уште бил наврзан укажува на тоа дека тој и Ирвин сé уште биле заедно и не биле одвоени како што претпоставувал Холцел. Очилата на Мелори биле пронајдени во неговиот џеб – тоа значи дека тие се симнувале ноќе – сепак можеби тие биле резеревни, како што прават многумина поради тоа што тие се важен дел од опремата.

Но дали Мелори и Ирвин се симнувале од врвот или едноставно се враќале? И зошто телото на Ирвин не е пронајдено во близината? Можеби Ирвин го преживеал падот и почнал да се враќа кон шаторот но починал од студ и премореност...

Покрај сите овие откитија сé се враќа назад на изјавите на Одел. Тој бил геолог и многи добро ја познавал топографијата на Еверест. Можел да погреши дали ги видел на Првата или Втората Скала поради тоа што гледал само мал дел од Скалата па да не знаел дали е од едната или другата. Во таков случај тој можеби ги видел и на Третата Скала – неговиот опис на теренот каде ги видел последен пат сосема одговарал на тоа како биле видени Анкер и Дејв во 1999 од истото место на набљудување.

Ако Одел ги видел Мелори и Ирвин под Втората Скала, тие најверојатно се вратиле поради тежините кои Конрад Анкер ги оценува како 5.8 - но на Еверест тоа личи повеќе на 5.10. Ако го поминале овој дел – тоа го направиле без никакво обезбедување, без клинови и френдови – што е еднакво на самоубиство.

Единствен цврст доказ е боцата за кислород – која ги поставува Мелори и Ирвин на гребенот и тоа според планот – на место каде првата боца би завршила. Секоја нова информација носи нови прашања и не може едноставно да се заклучи дека тие се качиле на врвот. Но, не може да се заклучи ниту дека не се качиле на врвот.
 
Copyright © 2005 Alpinizam.org