Други поглавја:

- почетокот;

- 1924;

- 8-ми Јуни 1924;

- 1933 и 1979 (со фотка од поважните точки од оваа приказна);

- теорија на Холцел;

- 1999;

- заклучоци...

 

Дома

Мистеријата на Мелори и Ирвин

1924

Мелори и НортонЧленовите на оваа експедиција сега имале поголема надеж дека ќе успеат – поголем дел од насоката им бил познат, а имале подобро разбирање и за монсунските циклуси кои биле голема пречка во претходните два обида. Мелори бил многу сигурен дека ќе успеат и на сопругата од базниот логор и напишал: „Не можам ниту да си замислам дека со овој план нема да се качам на врвот...“.

БрусСепак почетокот бил лош: двајца Шерпаси загинале – еден од здравствени проблеми, а друг од смрзнување. На 1-ви Јуни Мелори и Брус тргнале кон врвот, но се повлекуваат во 5-тиот висински логор на висина од 7710 метри поради голем застој на Шерпасите. На 4-ти Јуни Нортон и Сомервел тргнуваат од 6-тиот логор на висина од 8220 метри. Качувајќи БЕЗ дополнителен кислород пречејќи под северо-источниот гребен кон Големиот Кулоар кој ја засекува северната страна со должина од околу 2500метри. Качувањето на овој дел било многу заморно и Нортон се одмарал на секои 13 чекори. На делот наречен Жолт Појас, Сомервел поради тоа жто технички не можел да го помине, но и поради здравствени проблеми (тешка кашлица) морал да се откаже. Нортон продолжил понатаму уште околу еден час каде стигнал до висина од 8580метри БЕЗ кислород – поради технички проблеми морал да се врати. Тој висински рекорд БЕЗ употреба на дополнителен кислород траел цели 54 години кога Рајнолд Меснер и Питер Хабелер се качуваат во 1978 година.

ИрвинЧетири дена по овој обид Мелори заедно со Ендру Комин Ирвин тргнуваат кон врвот, но сега со кислород. Мелори сé уште сметал дека тоа ја намалува вредноста на качувањето, но дава подобра шанса да се стигне до врвот. Зошто Мелори (38 години) го избрал Ирвин (имал 22 години и бил најмлад член на експдицијата) се´ уште не е многу јасно. Сите сметале дека подобар партнер би бил Ноел Одел кој бил експерт за кислородните маски и кој бил во подобра форма од Ирвин. Ирвин се жалел на суво грло и проблеми со дишењето...

Боците за кислород биле голем товар Мелори и Ирвин тргнале од Северното Седло на 6-ти Јуни и стигнале во 6-тиот висински логор веќе следниот ден - во добра форма. Од таму Мелори испратил Шерпас со порака: „Веројатно ќе тргнеме рано утре (8-ми Јуни) ако имаме чисти временски услови...“

Друга порака стигнала до Одел кој качувал во „тимот за подршка“, во која Мелори напишал дека „боците со кислород се огромен терет“, но дека имаат совршени временски услови за искачувањето. Ова се последните пораки кои се добиени од Мелори...
 
Copyright © 2005 Alpinizam.org