Други поглавја:

- почетокот;

- 1924;

- 8-ми Јуни 1924;

- 1933 и 1979 (со фотка од поважните точки во оваа приказна);

- теорија на Холцел;

- 1999;

- заклучоци...

 

Дома

Мистеријата на Мелори и Ирвин

Теоријата на Холцел

Том Холцел е „пионер“ во истражувањето на „мистеријата“ на Мелори и Ирвин. Тој зедно со Одри Салкелд (Британски експерт за Еверест) ја основа првата истражувачка експедиција на Еверест – есента во 1986 година. Според него, Мелори и Ирвин се одвоиле кратко по Втората скала. Мелори го спуштил назад по јаже Ирвин преку Втората Скала и му ја земал боцата со кислород. Ирвин требало да се врати во 6-тиот висински логор, а Мелори да продолжи сам до врвот со дополнителното количество кислород. Според Холцел, Мелори загинал на симнување – лизгајќи се или од смрзнување во бивак над Втората Скала. Исто така според Холцел, Ирвин најверојатно загинал лизгајќи се на новопаднатиот снег на мазните карпи, испуштајќи го цепинот зад себе на местото на кое тој бил најден во 1933 година. Холцел претпоставувал дека неговото тело паднало околу 300 метри вертикално под местото каде е најден неговиот цепин – местото каде е најдено второто тело од Кинезите во 1975 година

Кога оваа негова статија била објавена во 1971 година во списанието Mountain , Британците „збеснале“. Тие тврделе дека Мелори никогаш не би го напуштил „младиот и недоволно искусен“ Ирвин со цел самиот да се „промовира“. Но од друга страна да се потсетиме дека во 1924 година Нортон го остава Сомервел кај Жолтиот Појас (место под Втората Скала).

Холцел не можел да ја докаже тоеријата – експедицијата од 1986 година немала добри врменски услови, а исто така при качувањето загинува еден Шерпас.

13 години по експедицијата на Холцел, насоката на Мелори ја поминале 200 алпинисти – вклучувајќи го и внукот на Мелори, Џорџ - кој сакал „да ја доврши работата на неговиот дедо“. НО, сите овие искачувања биле направени преку ФИКСИРАНА алуминиумска скала која ја поставиле Кинезите во 1975 година на клучниот детал на Втората Скала и поради тоа никој од нив не можел да каже нешто ново во врска со искачувањето и исчезнувањето на Мелори и Ирвин.
 
Copyright © 2005 Alpinizam.org