Други поглавја:
- почетокот;
- 1924;
- 8-ми Јуни 1924;
- 1933 и 1979 (со фотка од поважните точки во оваа приказна);
- теорија на Холцел;
- 1999;
- заклучоци...
|
Мистеријата на Мелори и Ирвин
8-ми Јуни 1924
Мелори и Ирвин за последен пат се видени од Одел на северниот гребен во 12:50 часот. Времето било чисто тоа утро, но полека се спуштале облаци кои сокривале делови од насоката. За време на едно од прочистувањата на облаците, Одел ги забележал Мелори и Ирвин како качуваат на Втората Скала „со брзо темпо“, но четири часа заостанување според претходно утврдениот план.
Околу 2 часот попладнето Одел стигнал во 6-тиот висински логор и влегол во шаторот на Мелори и Ирвин и таму прво што забележал биле разни делчиња од боците за кислород и заклучил дека тие правеле некакви преправки „во последен момент“. По некое време тој излегол од шаторот загрижен дека можеби нема да можат да го најдат поради слабата видливост и почнал да вика за да им го привлече вниманието. Во 4 часот дошло до мало расчистување и Одел го разгледувал гребенот, но не можел да види никого. Во текот на ноќта и следниот ден тие не се вратиле во шаторот и биле прогласени за исчезнати...
Одел бил последниот сведок на нивното искачување и сите заклучоци кои потоа следувале зависеле на неговите изјави – каде ги видел за последен пат. Тој рекол дека последен пат ги видел како КАЧУВААТ на Втората Скала и во тој случај иако било доцна, сепак тие имале шанса да стигнат до врвот, но би се симнувале во темница, а исто така би им снемало и кислород. Подоцна сепак Одел по сите расправии кои се пројавиле рекол дека можеби ги видел на Првата Скала, што ги намалува нивните шанси да стигнале до врвот поради тоа што било доцна, имале уште многу за качување, а им снемувал и кислород... |