Мистеријата на Мелори и Ирвин
Ќе се обидеме да ви ја претставиме најголемата нерешена „мистерија“ поврзана со искачувањата на Еверест – т.е. дали тој веќе бил качен 30 години пред првото официјално искачување во 1953 година...
Почетокот
Ако некој можел да се качи на Еверест во 1924 година тоа бил најпознатиот Британски алпинист во тоа време – Џорџ Леј Мелори. Во 1921 година тој бил член на извидувачката експедиција и преку разгледување на планината направил шема на насока која до врвот одела преку северниот и северо-источниот гребен. Во 1922 година токму преку оваа насока тој заедно со Едвард Нортон и Теодор Сомервел ја поминал границата од 8000 метри. Тие качувале БЕЗ употреба на дополнителен кислород и стигнале до точка на северниот гребен на висина од 8100 мнв. Шест дена подоцна друг тим (Џорџ Ингл Финч и Џефри Брус) пречеле во северната страна и стигнале до снежното поле под Првата Скала (местото кое се нарекува First Step и кое изгледа како скалило на гребенот – ги има три такви) на височина од 8400 метри. Тие сепак користеле дополнителен кислород – Мелори и други алпинисти (во тоа време, но и денес) сметале дека тоа не е етички…
Експедицијата во 1922 година завршува со трагедија: Мелори, Сомервел и Крафорд правејќи трет обид се движеле дијагонално по падина со нов снег и создале лавина која потекувајќи надолу потрупува девет Шерепаси – убивајќи седум од нив…
По враќањето дома, Мелори започнува тура на предавања низ Ангилја и САД каде му е поставено прашањето „Зошто (качува)…?“ и тој одговара со најпознатата реплика во алпинизмот денес: „Затоа што е таму“ (“Because it is there”).
Поради трагедијата две години претходно, Мелори рекол дека повеќе нема да оди на Еверест, но сепак неговото име било и на списокот за експедицијата во 1924 година... |