Други поглавја:
- почетокот;
- 1924;
- 8-ми Јуни 1924;
- 1933 и 1979 (со фотка од поважните точки од оваа приказна);
- теорија на Холцел;
- 1999;
- заклучоци...
|
Мистеријата на Мелори и Ирвин
Откритија во 1933 и 1979 година
Британската експедиција од 1933 година стигнува до Втората Скала и таму наоѓа 30 метри висока варовничка карпа која била вистинска бариера за нив. Водачот на експедицијата Хју Ретлиџ им советувал на следните експедиции ниту да се обидуваат да ја поминат. Тој рекол дека никој не би можел да ја помине таа бариера во неколкуте минути во кои Одел на почетокот тврдел дека ги видел Мелори и Ирвин како ја поминуваат.
Членовите на таа експедиција, Лоренс Вегер и Перси Вин-Харис пронаоѓаат цепин на околу 250 метри источно од Првата Скала и според ознаките на него, заклучуваат дека се работи за цепинот на Ирвин. Тој бил најден на многу лесен терен, но дали бил оставен или изгубен при качување или при симнување? Цепинот бил во добра состојба и никој не можел да замисли дека бил изгубен во пад. Од друга страна (иако сите знаеме дека цепинот е основна алатка на оваа планина) има верувања дека Ирвин го оставил цепинот при качување кога го видел чистиот гребен пред себе – само со карпи и без снег.
Во 1979 година Јапонците имаат своја извидувачка експеција на северните падини на Еверест. На еден од нивните членови, Јошинори Хасегава, им пришол кинески алпинист (Ванг Хонгбао) и му рекол дека за време на кинеската втора експедиција на Еверест во 1975 година, во која тој бил член, тие пронашле две тела – „на Англичани“ и тоа судејќи според нив тие биле од пред Втората Светска Војна. Едното било на Морис Вилсон (соло качувач кој загинал во 1934 година) и кој бил единствена пријавена жртва во оваа област. Па се поставило прашањето чие било второто тело? Хасегава разбрал: само двајца качувачи биле прогласени за исчезнати на оваа страна на планината пред 1975 година: Мелори и Ирвин. За жал следниот ден пред да успеат да му постават повеќе прашања на Ванг, тој заедно со уште двајца други членови на експедицијата загинал во лавина.
|