Рајнолд Меснер (роден 1944 година) е првиот човек кој се искачи на сите планини со врвови високи над 8000 метри н.в.

Нанга Парбат(8125м) – 27.06.1970/09.08.1978

Манаслу(8163м) – 25.04.1972

Гашербрум 1(8068м) – 10.08.1975/28.06.1984

Еверест(8850м) – 08.05.1978/20.08.1980

К2(8611м) – 12.07.1979

Шишапангма(8046м) – 28.05.1981

Кангченџунга(8586м) – 06.05.1982

Гашербрум 2(8035м) – 24.07.1982/25.06.1984

Броад Пик(8047м) – 02.08.1982

Чо Оју(8201м) – 05.05.1983

Анапурна(8091м) – 24.04.1985

Даулагири(8167м) – 15.05.1985

Макалу(8463м) – 26.09.1986

Лотце(8516м) – 16.10.1986

На Еверест:Во 1978 година заедно со Петер Хабелер се качуваат без употреба на дополнителен кислород – тоа е вкупно 15-то искачување на тој врв, а прво без дополнителен кислород; Во 1980 година – Меснер го прави првото соло искачување на Еверест, а исто така качува без дополнителен кислород...

Share

Бркајќи го Меснер - Дали Меснер значи нешто денес во алпинизмот

-текст на Догалд Мекдоналд

Доломитите

Ова е моја втора посета на Доломитите и многу ги сакам... Се упативме кон Tre Cime – легендарните три кули на кои насоки качувале алпинисти почнувајќи од Рикардо Касин до Александар Хубер. Започнавме да качуваме во густа магла на Жолтиот Гребен на Малата Кула. Насоката има 14 должини и оди по „малата кула“ која се издигнува над домот Лаваредо. Карпата е стрмна и мазна – од илјадниците качувања по неа. Сепак од време на време има мали одрони и добро е да се носи шлем. Над нас имаше една полска наврска која ја поминавме кога тие погрешија во тоа каде оди патеката, но потоа тоа ни се случи и на нас па и тие нас не поминаа. На врвот, во магла, можевме да ги слушаме довикувањата на Полјаците од нашата насока, пеењето на планинарите под кулите – тоа беа како гласови од куќа на стравот и ужасот.

Добро качувавме и се чувствувавме подготвени за поголем тест – насоката Комичи на Големата Кула. Оваа кула е позната како една од шесте најголеми северни страни во Алпите. Преноќивме во Лаваредо и одлучивме да започнеме рано за да не нé фати гужва...

Дејв почна да води, а потоа јас. Под насоката полека почнаа да пристигнуваат и други наврски. Сакав да качувам слободно, но на рацете ми беше многу студено, а чувствував и притисок од луѓето долу – се истегнав на една гуртна. Бев разочаран што уште толку рано почнав така да качувам, но погоре влегов во подобар ритам.

Комичи насоката е превисна, но на цврста карпа. Во пукнатините има многу клинови и заглавени дрвени клинови. Движењата се забавни, а за прв пат и небото беше чисто. Бевме на две должини од другите, а во домот се вративме рано попладнето.

На терасата нé пречека домарот и запраша каде качувавме. „Комичи“, му одговоривме. „Влезете внатре“, нé повика и не частеше по еден пијалок.

Во Кортина се запрашував: „Каде ли се добрите качувачи?“. Дејв на тоа ми одговори: „На насоките искачени после 1909 година.“

Доломитите... Исполнети со историја. Ако не ве застрашуваат тунелите и рововите оставени од Првата Светска Војна, ве застрашува помислата за раните алпинисти кои овде качувале. Кога ќе се спореди што се правело овде во 30-тите години од минатиот век, повеќето насоки од тој период во САД изгледаат како планинарски патеки... Дејв и јас искачивме седум насоки во ова наше патување со оцени од VI- до VII+ и сите беа искачени пред 1960 година. Нашата прва насока овде, на Пунта Фиамес беше од 1909 година.

Тука качувале големи имиња: Емилио Комичи, Рикардо Касин (кој тука тренирал, а потоа го качил Волкеровиот Гребен), Пол Пројс, Ханс Винацер...

Помеѓу овие великани секако е и името на Меснер. Израснал во северните делови од овие области и почнал да качува со неговиот татко на 5-годишна возраст. На 12 години заедно со неговиот најмлад брат Гунтер, почнале самостојно да качуваат, а како тинејџер веќе имал првенствени насоки зад себе...

Треба навистина силно да се замислите за да разберете како било качувањето во неговото време. За тешките искачувања, Меснер носел тешки кожни чевли (нешто како денешните за мраз) „Тие беа добри за некои качувања, но не за сите“, вели денес Меснер. Јажето било наврзано на неговата половина, а за обезбедување ковал клинови – ретко. Никогаш не поставил експанзионен клин во својот живот. Исто така имал голем апетит за качување – по 60 до 80 насоки секое лети од кои повеќето првенствени.

Copyright © Alpinizam.org