На Плетвар

Елена

После долга пауза со бескрајна тага повторно на карпа. Можеби неслучајно овајпат, осетивме дрзост или енергија да влезиме во линијата, која цело време ја остававме за понатаму. И мислам е сосема очекувано, оваа насока да го носи името на нашата Елена.

Рано утрото јас (Горан) и Вања тргнавме кон Плетвар. Околу 6ч. бевме веке под карпата. Првата должина е скоро идентична со онаа на Ајкула, насоката која ја направија Игор и Весна од Скопје, за да потоа се направи траверс во лево до почетокот на пукнатината. Пукнатината кога ја видовме беше преполна со треви кој растеа од неа, а од двете нејзини страни мазен гранит прекриен со мов. имаше деликатно качување во кое пред да се постави обезбедување требаше со корнење на треви да се создаде можност за тоа. Насоката се искачи слободно ако можи да се занемари одмарањето на некои точки додека се исчисти следното фатиште во пукнатината. Тежината е некаде до VI+; VII кат. на превисните места. Беше направено и едно помошно сидриште со цел да се продолжи со доволен број опрема, бидејки пукнатината беше речиси со идентична ширина низ целата должина. Како и сите други насоки и оваа беше искачена во ``чист стил`` и не е оставена никаква опрема.

Повеќе фотографии на сајтот на СКК „Вертикал“ >>>>

Околу Плетвар:

- Димитар Илиевски - Мурато,

- Гандалф,

- Прополис, Цицка и Ајкула,

- Трочоци;

- Елена;

- Жолта лозова

Copyright © Alpinizam.org