|
На Плетвар
„Димитар Илиевски - Мурато“ - нова алпинистичка насока посветена на великанот
Текст и фотографии на Горан Кузмановски од СКК „Вертикал“ - Битола (16.05.2009г.)
Уште една недела пред традиционалниот марш во чест на Димитар Илиевски - Мурато, јас и Вања Атанасов се договаравме да направиме некаде нова насока во чест на нашиот сограѓанин Диме, првиот Македонец на Еверест.
Можеби инспирацијата за да почнам со качување ја должам на него и таа генерација.
Дојде и викендот кога се организираше маршот, и после долго размислување како е правилно, одлучивме дека на тој ден е најдобро да одиме на Пелистер, каде секоја година се оддава почит на Мурато, каде доаѓаат планинари и качувачи од целата земја, а новата насока за следниот пат.
Дојде време и на нашето ветено, решивме да се пробаме на карпите над Плетвар. Овај локалитет единствено само со својата висина одстапува на Остра карпа, инаку нуди перфектни услови на традиционално како и спортско качување.
Карпата е долга околу 80 метри а широка мошеби 500 метри. има секакви форми, од плочи пукнатини, превиси тавани, буквално што сакаш. Оддалеченоста од кола е околу 15 минути, и со Вања решивме да одиме со ред, т.е. првата линија која ке не бендиса да влезиме. И така почнавме во најлевиот дел на карпата, овде карпата некаде е полегната но нашата линиjа следи доста експонирани делови, и на неколку места убави пукнатини и превиси. Насоката ја качивме во три должини и тоа 15м/50м/20м тежината е од IV до VI+ категорија и е помината само со чокови и френдови…
Повеќе фотки и инфо на сајтот на СКК „Вертикал“ >>>>
|
Околу Плетвар:
- Димитар Илиевски - Мурато,
- Гандалф,
- Прополис, Цицка и Ајкула,
- Трочоци;
- Елена;
- Жолта Лозова |