|
На Плетвар
Трочоци (V,VII+/A0)
Малку вовед од Игор Т.: Јуху! Ептен се израдував на насловот и содржината на текстот на сајтот кај Битолчанине... Мило ми е што веќе називот полека се наметнува и официјализира - „Трочоци“... Трочоците се закон - ептен ги сакам па и по дома си играм со нив (види „Да се насмееме“)! Толку се добри што ете и насока им е посветена на Плетвар (голема почит кон овој локалитет кој зрачи со чистотија - ако ме разбирате...). И не било каква - отаде VII-ката! Кузето и Џедајот (минатиот пат не знам дали бев многу јасен - Вања е Џедајот всушност) искачија нова насока и еве дел од текстот и по некоја фотка:
Текст и фотографии на Горан Кузмановски од СКК „Вертикал“ - Битола (02.07.2009г.):
...Првиот дел беше краток и со неколку болдерчиња инаку лесен, и кога се собравме на прво сидриште Вања изјави желба да го води и второто јаже бидејки и така во подолниот дел немаше оставено речиси никаква опрема. Ова беше дефинитивно најдоброто јаже од сите до сега. Одма по самиот влез стана околу VI+ категорија, се обезбедуваше воглавно на трочоци и најмали чокови, малку психолошко качување. Потоа следеше малку лесен дел и околу 7-8 метри VII+ категорија. Некои делови Ванја ги помина како А0 А1 и ме остави да уживам како втор во вертикалната пукнатина, во која едвај се заглавуваат малите прсти, а горниот дел преминува во тежок дилфер...
Насоката
Трочокче во акција - негова специјалност!
Појќе инфо кај СКК „Вертикал“ >>>> |
Околу Плетвар:
- Димитар Илиевски - Мурато,
- Гандалф,
- Прополис, Цицка и Ајкула,
- Трочоци;
- Елена;
- Жолта Лозова |