|
На Плетвар
Гандалф (IV-/V+)
Текст и фотографии на Горан Кузмановски од СКК „Вертикал“ - Битола (21.05.2009г.)
На само 20 мин возење од Битола и 15 мин. пешачење, го имаме овај локалитет. Речиси недопрен од човек досега.
Во средата со Вања одма после работните обврски, Ладата "под нас" и во 16:45 бевме под карпите. Сега денот е долг, и има време за качување. најбрзо што можевме се спремивме, зедовме челни лампи со нас за секој случај и влеговме во нова првенствена насока. Времето беше идеално, Сонцето веке ја губеше јачината а почна да дува и убав ветер кој многу ни послужи. Овајпат јас почнав прв да водам. Доста деликатен влез, слабо обезбедување и скоро никакви фатишта и така со неколку болдер движења по отворен камин тешкото беше додека се влезе во оџакот а потоа црв техника до горе, потоа следеше една убава дилфер пукнатина по која стигнав до местото каде што го направив првото сидриште. Должината е околу 35м тежината достигна до V+ кат. со некои болдер движења...
Повеќе за насоката и фотки на сајтот на СКК „Вертикал“ >>>>
СКК Вертикал е најактивниот качувачки клуб во Македонија меѓутоа нешто уште многу поважно е квалитетот на искачувањата - нивната искрена и чиста посветеност и истражувачкиот дух.
Се сеќаваме на првиот вештачки мраз кој го направија на Палиснопје, столбот на мразот на Патишка Река, нови насоки на Демир Капија, истражување околу Битола и Прилеп - нови насоки на Трескавец еве сега и на Плетвар...
Само напред! |
Околу Плетвар:
- Димитар Илиевски - Мурато,
- Гандалф,
- Прополис, Цицка и Ајкула,
- Трочоци;
- Елена;
- Жолта Лозова |