ВЕСТИ:

-Во 2010...,

-Во 2009...,

-Во 2008...,

-Во 2007...,

-В0 2006...,

-Во 2005...,

-Во 2004...

 

 

 

Ви презентираме инспиративни достигнувања на странски и домашни алпинисти кои нé инспирираат да работиме и понатаму со уште поголем интензитет.

Во 2004...

Соло на Шишапангма

Жан-Кристоф Лафаел се искачи на Шишапангма преку Јужната Страна на 11-ти Декември во соло искачување без дополнителен кислород. Шишапангма е еден од 7-те врва над 8000 метри кои немаат „видено“ зимско искачување. Во меѓувреме италијанско-полска експедиција се подготвува за точно календарско зимско искачување. Тимот го сочинуваат Симоне Моро, Пјотр Моравски, Дарек Залуски, Хачек Хавиен и Јан Шулц пристигнаа во базниот логор и се подготвуваат за искачувањето.

Последен пат зимско искачување е направено на Лотце во 1988 година. Сите претходни зимски иксчувања се направени од полски експедиции и сите биле направени во календарски зимски сезони – после 21-ви Декември. Официјалните дозволи за зимско искачување во Непал и Тибет се добиваат на 1-ви Декември.

Нова насока на Монт Блан

Џон Харлин заедно со Жули Ен Клима и Роџер Пејн во Септември направија нова насока на Монт Блан качувајќи четири дена. Нивната насока се вика Dawn to Decadence и е супер-директна верзија на класиката – Гребенот Иномината.

Харлин долго сонувал за нова насока во оваа област, поради тоа што неговиот татко има направено неколку првенствени искачувања на Френи и Бруилард страните и на обете страна на Иномината во 60-тите, пред да загине на Северната Страна на Ајгер во Март 1966 година.

Нова насока на Серо Торе

Италијанецот Ермано Салватера направи нова насока по Источната Страна на Серо Торе заедно со Алесандро Белтрами и Џакомо Розети на 14-ти Ноември по едно неделно искачување.

Салватера(49), прв пат се обиде да се качи на Серо Торе во 1982, а беше успешен година подоцна. Во овие две децении тој го има направено првото зимско искачување на Серо Торе (1985) и се има качено на јужната страна преку насоката Infinito Sud во 1995.

Нова насока на индискиот гигант

Англо-американскиот тим од Јан Парнел и Џон Варко направиј прво искачување на Северо-западната страна на Саф Минал во Гарвал Хималаите во Индија. Прв пат оваа планина била качена во 1975 година, но никогаш од северните делови. Искачувањето траело неколку денови вклучувајќи 36 часа поминати во шатор поради невреме – на врвот стигнале на 5-ти Октомври.

Качувале во чист алпинистички стил – без фиксни јажиња и кампови – почнувајќи по гребен, потоа по кршливи плочи и на крај по мразни кулоари во горниот дел на страната.

Лошата карпа и пречењето кое е вклучено во оваа насока си одиграле своја улога и при симнувањето. После два дена абзајлување, двајцата алпинисти стигнале во базниот логор  со скинато јаже, без храна и со само неколку ситни делови за обезбедување. Парнел, кој ослабнал 12 килограми на искачувањето рекол: „Ова веројатно беше најскапата но најисполнувачка диета која сме ја примениле“

Подобрено најбрзото време за искачување на Еверест

Владата на Непал го потврди новиот рекорд – 8 часа и 10 минути – од базниот логор по нормалната насока. Качувач – Пемба Дорџе Шерпа на 21-ви Мај. Иако оспоруван од страна на претходниот рекордер Лакпа Гелу Шерпа, сепак одборот од седум членови потврди дека Пемба поднел докази за неговото искачување до врвот вклучувајќи и опис на предмети оставени од качувачите од претходниот ден

Жешко лето во Пакистан

Голема Американско-Словенска експедиција во Пакистан ова лето направи неколку први искачувања и импресивни обиди. Даг Чабот, Џеф Холенбау, Стив Хаус, Брус Милер, Марко Презељ и Стив Свенсон тргнаа од долината Чаракуса, каде се аклиматизираа со неколку искачувања на Насер Брак, вклучувајќи нова насока на Југоисточниот Гребен. Чабот, Хаус и Свенсон за прв пат го искачија врвот Капура, а Милер и Презељ ја повторија насоката следниот ден.

Нивното внимание го привлече врвот К7. На крај на јули, Хаус солираше нова насока на врвот, со што го направи неговото второ качување. Во истиот период, Чабот и Милер ја повторија Јапонската насока на К7 во алпинистички стил, со што го направија третото качување на врвот, додека Холенбау, Презељ и Свенсон направија обид да се качат на Северозападниот Гребен на неискачениот Западен Врв на К7, но поради опасни снежни услови мораа да се повлечат на 200 метри под врвот.

„Магичната Линија“ на К2 - комплетирана
Уште два тима ги комплетираа искачувањата на К2, вклучувајќи го и второто искачување на „Магичната Линија“, стрмен и технички тежок Југ-Југозападен Столб. Најпрвин Јапонска експедиција стигна на врвот преку насоката на Чесен (Јужно-Јужноисточен Гребен), а потоа шпанскиот алпинист Хорди Короминас се искачи преку „Магичната Линија“ околу полноќ, а се спушти преку гребенот Абруци.

„Магичната Линија“ прв пат беше качена во 1986 година од Полска експедиција. Во меѓувреме италијанска експедиција се подготвува да направи прво искачување од северната страна на К2 од 1996.

Расте бројот на жртви на Кан Тангри

Бројот на потврдени жртви во големата лавина на Кан Тангри во Киргистан се подигна на 11. Рано утрото на 5-ти Август, голем серак се скрши од соседниот врв и падна врз група на алпинисти од различни земји. 14 други алпинисти се повредени од кои 2 се со сериозни повреди. Спасителните екипи кои веднаш реагираа не можеа да направат потрага по преживеани поради силно невреме на планината.

Има извештај дека се пријавени 40 исчезнати алпинисти – пријавени од семејствата на властите во Киргистан.

Многу алпинисти стигнуваат на врвот на К2

На 50-годишнината од првото искачување на оваа планина, повеќе од 40 алпинисти успеваат да стигнат на врвот – втор највисок во светот. До оваа година само 198 алпинисти се имаат качено на врвот, а сега само во еден ден, на 27-ми Јули, 14 алпинисти беа успешни во искачувањето.

Русите се качуваат по Северната Страна на Еверест

Руска експедиција успеа да направи директна насока по Северната Страна на Монт Еверест по два месеца качување. Тимови од по двајца и тројца алпинисти стигна на врвот во три последователни дена – првите на 30-ти Мај.

Екстремно тешката линија се наоѓа помеѓу Хорнбајн кулоарот од десно и Големиот Кулоар од лева страна...

Успех на Северната Страна на Јану (7710м)

Дмитри Павленко и Александар Ручкин стигнаа на врвот на Јану преку Северната Страна – комплетирајќи го при тоа најтешкото искачување на голема карпа на голема височина во историјата.

Страната се издигнува 700 метри во вертикала и има 50 должини микс качување. Почнувајќи од 1975 година најмалку 12-тина други експедиции беа неуспешни во искачувањето на оваа страна, вклучувајќи ја и оваа експедиција која минатата година стигна до 7200 метри височина.

Нова соло насока на Макалу 2

Жан-Кристоф Лафаел солираше нова насока на северната страна на Макалу 2 (7650м) но не беше во можност да продолжи до главниот врв на Макалу (8481м). Ако беше успешен на Макалу тоа ќе беше негов 12-ти врв над 8000 метри. Искачувањето го започна на 13-ти Мај и траело 4 дена – толку му требало да стигне на седлото помеѓу двата врва каде поради инфекција во градите Лафаел решил да се откаже од дополнителното искчување до главниот врв.

Северниот Близнак повторно качен!

Стив Хаус и Марко Презељ го направија третото искачување на Северната Страна на Северниот Близнак во Канадските Роки планини – трето искачување во 30 години. Тие качуваа на почетокот на Април со цел да ги одбегнат одроните на оваа огромна страна која се издигнува 1300метри во височина за што им биле потренбни четири дена.

Тие качувале по нова насока која се наоѓа помеѓу Лов/Џоунс насоката од 1974 и Бланчард/Чизмонд насоката од 1985 година

 
Copyright © 2005 Alpinizam.org