ВЕСТИ:

-Во 2010...,

-Во 2009...,

-Во 2008...,

-Во 2007...,

-В0 2006...,

-Во 2005...,

-Во 2004...

Ви презентираме инспиративни достигнувања на странски и домашни алпинисти кои нé инспирираат да работиме и понатаму со уште поголем интензитет.

Во 2005...

Споменик на Димитар Илиевски во Хималаите... (фотографии добиени од Јован Попоски - водач на експедицијата Еверест 1989)

Две големи насоки во Непал

Сет Хоби и Џон Кеар го направија второто искачување на 6186-метри високата планина Кјаџо Ри преку нова насока, а потоа направија брзо искачување во алпинистички стил на северо-источната страна на 6440-метри високата планина Чолатце во Непал. Овие двајца Американци најпрвин се искачија по југоисточниот гребен на Кјаџо Ри – врв кој беше отворен за качување во 2001 година. За ова искачување им беа потребни 21 часа од и назад до нивниот камп. Качувајќи по гребен со оцени 5.9 и AI 3 , од врвот тие се симнуваат по југозападниот гребен (првата насока до овој врв).

Од базата под Чолатце, двајцата алпинисти започнуваат со нивното искачување по прекрасна мразна линија на североисточната страна, која за прв пат е качена од американска експедиција во 1984 година. Тие ја качуваат оваа 1800-метри долга насока во три дена со тежини до WI 5+ М6 и неколку страшни инциденти со одрони. По искачувањето на врвот преку источниот гребен двајцата алпинисти абзајлуваат во темница до нивното место за бивакување високо во планината, а потоа следниот ден абзајлуваат до базата.

Северната Страна на Черо Торе

Алесандро Белтрани, Роландо Гариботи и Ермано Салватера искачија нова насока на северната страна на Черо Торе во Патагонија. Дента пред да почнат со качување тие поставија три должини фиксно јаже, но целата насока ја качија во чист алпинистички стил, што за Черо Торе е прва првенствена насока искачена во таков стил. Тие стигнаа на врвот доцна во ноќта на 13-ти Ноември по два дена качување, а се симнаа следниот ден.

Новата насока започнува на источниот дел од врвот и го следи диедарот качен од Чезаре Маестри, Тони Егер и Чезарино Фава во 1959 година, по кое искачување Маестри тврдеше дека тоа е прво искачување на Черо Торе. Над делот за кој се мисли дека групата на Маестри стигнала највисоко, тие продолжиле кон Седлото на Освојувањето, кое се наоѓа помеѓу Черо Торе и Торе Егер. Потоа качувајќи по северо-источната страна по неколку должини тие се приклучиле на насоката по Западната Страна од 1974 година и од таму продолжиле до врвот. Сé на сé, тие поминале 37 должини искачувајќи 1200 метри. Новата насока се вика El Arca de los Vientos ( Арка на ветровите), се движи по или близу до насоката на Маестри, но овој тим не пронашол никакви знаци од искачувањето на Маестри од местото каде ја оставиле опремата подолу во планината.

Гловач и Жаспер на Муралон

По три години голем напор Штефан Гловач и Роберт Жаспер го остварија својот сон за нова насока на главната северна страна на Черо Муралон – восхитувачки врв кој се издигнува повеќе од 1000 метри над патагониските глечери. Во 2003 година тие двајца се искачуваат на северозападниот столб заедно со Клаус Фенглер. Следната година се враќаат и се обидуваат по екстремно стрмната северна страна и стигнуваат до 250 метри под врвот од каде се враќаат поради големо невреме.

Оваа година после три недели чекање да помине невремето, Гловач и Жаспер од својата пештерка во мразот, го комплетираат искачувањето во два дена стигнувајќи на врвот во 9 часот вечерта на 13-ти Ноември по што абзајлувале во текот на ноќта. Нивната нова насока Vom Winde Verweht (Однесени од ветрот), има 27 должини и е оценета IX + A 2.

Тибетскиот „Матерхорн“ искачен

Мик Фаулер и Крис Ватс го направија првото искачување на 6447-метри високата планина Каџакјао во Тибет. Двајцата Британци качувале шест дена преку западната страна и северозападниот гребен – 1100 метри техничко искачување. Им биле потребни уште три дена за симнување. Фаулер: „Временските услови беа навистина диви. Додека качувавме падна метар и пол снег, температурата беше постојано под –20степени, а дуваше и ветер од 90км/час“. Качувањето е направено во алпинистички стил.

Фаулер е еден од најуспешните британски алпинисти и во еден свој е-маил напишал:

„Ова е сигурно едно од најголемите планински искуства низ кои сум поминал.“

Две нови насоки во Кина

Американците Чад Келог, Џои Пурјар и Стоуни Ричардс направија две долги качувања по карпа во планините во Сичуан во Кина во средината на Октомври. Тие првин направиле обид на северозападната страна на 6250-метри високата планина Сигунианг, но стигнале само до висина од 5500 метри поради лоши временски услови. Поради тоа што им останала само една недела на располагање тие се префрлиле на помали карпести палнини на кои можеле да качуваат брзо.

Најпрвин пронашле убава насока од 10 должини на врв висок 5020 метри кој претходно не бил качен. Врвот го крстиле The Angry Wife ( Лутата сопруга). Откако ја поминале долината Шуангјао, следната цел им била јужната страна на 5465-метри високата планина Даугоу – највисоката во таа област. Нивната насока имала 17 должини со најголема тежина од 5.10+ при што стигнале на и овој претходно неискачен врв пред стемнување и абзајлувале по насоката во темница.

Колдвел слободно по Ноус и Фрирајдер во еден ден

Две недели откако слободно се качи по Ноус на Ел Капитен во 12 часа, Томи Колдвел ги поврза оваа насока и Фрирајдер (целосно во слободен стил) во 23 часа и 23 минути. Започнувајќи нешто по 1 часот утрото на 30-ти Октомври, Колдвел се качи по Ноус во 11 часа, обезбедуван од неговата сопруга Бет Роден. Имал два пада на најтешката должина со оцена 5.14. Трчајќи и абзајлувајќи тој стигнал до под Ел Капитен пред 1 часот попладнето.

Потоа ја започнал насоката Фрирајдер обезбедуван од Крис Мекнамара, качувајќи ја слободно пократко од 11 часа завршувајќи ја оваа мисија во 12:26 часот по полноќ. Колдвел имал два пада на 28-та должина (со оцена 5.12 b ), поради замор, но продолжил без падови до врвот.

Според близок пријател на Колдвел, тој сонувал за ова спојување на двете насоки со месеци и тренирал напорно откако ја санирал скршеницата на зглобот по пад во качување во Март. Најпрвин со Роден тој во средината на Октомври ја качил Ноус слободно, а неколку дена подоцна ја качил и Фрирајдер подготвувајќи се за нивно конечно спојување.

Овие две насоки заедно имаат 65 должини или околу 2000 метри слободно качување, вклучувајќи 9 должини 5.12, една 5.13 една 5,14а и повеќе 5.10 и 5.11 должини.

ДНК – анализите го потврдија тврдењето на Меснер

ДНК – анализите покажаа дека телото откриено во подножјето на Нанга Парбат ова лето скоро сигурно е телото на Гунтер Меснер. Рајнолд Меснер, братот на Гунтер, однесе дел од коската во Италија од Пакистан и го тестираше во лабораторија во Австрија.

Браќата Меснер први се качија по Рупал страната на Нанга Парбат во 1970 година. Преморени од тешкото искачување, Рајнолд вели дека тие одбрале да се симнат по Дијамир страната - од другата страна на планината. На половина пат биле одвоени, а Гунтер исчезнал веројатно во лавина. Смрзнатините од тешкото искачување и симнување го чинеа Рајнолд неколку прсти на рацете и нозете. Членови на екипата подоцна го обвиниле Рајнолд дека го оставил својот брат сам да се симнува по Рупал страната, додека тој сакал да стане славен правејќи ја првата пречка на таа планина.

Ова лето, телото под Дијамир страната беше откриено од селани. Меснер пристигна во втората половина на Август и потврди дека телото е на неговиот брат според чевлите и други податоци. Остатоците биле кремирани на самото место. На 4-ти Септември, Меснер одржа прес конференција во Исламабад, на кој прикажа кожен чевел за кој тврдеше деке припаѓал на Гунтер. Потоа со себе понел неколку делчиња од коските за ДНК-анализирање ва Медицинскиот Институт во Инсбрук.

„Носот“ на Гранд Жораз

Мауро „Бубу“ Боле и Марио Кортезе го завршија слободното искачување на Северната страна на Гранд Жораз по насока со 38 должини. Двајцата Италијанци ја завршија насоката Le Nez („Носот“) на оваа славна северна страна на 4-ти Септември...Насоката има директна линија до врвот преку насоката Кроз со многу тешки слободни должини од кои пет со 5.12 оцена. Качувачите поствиле неколку експанзиони клинови на клучната должина со оцена 5.12+, но најголемиот дел од насоката е со алпинистички клинови, чокови, френдови...

Кан Тенгри во алпинистички стил

Руските алпинисти Павел Шаблин и Илјас Тукватулин направија прво искачување на Северната Страна на Кан Тенгри во тим од двајца во алпинистички стил. Овој огромен ѕид во Киргистан има многу насоки и често е качуван од големи тимови кои употребуваат фиксни јажиња, а неколку претходни обиди како нивниот биле неуспешни.

Двајцата Руси носеле минимум опрема, при тоа Шабалин ја водел секоја должина, а Тукватулин го следел со нивниот потежок ранец. Времето било многу лошо и тие на насоката наместо планираните пет дена, останале девет. Еден ден не качувале поради невреме, а друг ден го поправале примусот. Шабалин се здобил со смрзнатини на рацете и нозете.

Иако експдициите во Хималаите од Руски алпинисти често се од големи тимови, кои се добро организирани и употребуваат фиксни јажиња, елитните алпинисти од оваа земја се почесто се обидуваат да прават искачувања на големи врвови во алпинистички стил. На пример оваа година, Денис Урубко и Сергеј Самоилов од Казакстан искачија нова насока во алпинистички стил на Броуд Пик во Пакистан, а Јури Кошеленко, Николај Тотмајнин и Американецот Карлос Булер за малку не беа успешни на северната страна на Менлугце во Тибет.

Огромна насока на Големата Транго

Словаците Додо Кополд и Габо Чмарик искачија огромна нова насока на јужнозападната страна на Големата Транго Кула во Пакистан. Словаците ја поставиле насоката на десно од линијата на Азим Гребенот...

Тие качувале нешто повеќе од 90 должини и ја оцениле насоката VIII , A 2. Качувале осум дена – од 4-ти до 11-ти Август. Не носеле вреќи за спиење и качувале во алпинистички стил во лоши временски услови и во опасни лавински терени при симнувањето по западните делови на планината. Кополд бил понесен од лавина стотина метри, но не бил повреден.

Кополд и Чмарик биле дел од Словачка експедиција во истата област минатата година кога Кополд со двајца партнери направиле второ искачување во алпинистички стил на американската насока Канадан Столбот на врвот Шиптон, а Чмарик бил дел од друг тим кој за малку бил неуспешен во поставување нова насока на истиот врв. 

Хумар спасен со хеликоптер

Томаж Хумар беше собран од неговото место на Рупал Страната на Нанга Парбат од хеликоптер на пакистанската армија во драматична спасувачка акција на толку голема височина. Словенечкиот алпинист беше заробен на една третина од Страната на која се обидуваше да направи соло искачување на нова насока. Откако се откажа од искачувањето поради екстремно лоши временски услови, по три тешки и опасни бувакувања (преспивања на планината), Хумар се засолна на мала снежна површина засолнета од скоро постојаните снежни лизгања. Таму помина уште пет ноќи, без никаква шанса да се симне поради екстремно лоши временски и снежни услови, а неговиот тим во базниот логор се обидуваше да организира спасителна акција со хеликоптер

На 9-ти Август два Лама хеликоптери и уште еден со гориво стигнаа во базниот логор, но не можеа да дојдат до Страната поради невреме, а веќе следното утро со импровизиран систем од исплетени јажиња дојдоа до Хумар кој успеа да се дофати и да биде спасен. Хумар бил преморен поради толку денови поминати без храна, но без сериозни повреди и смрзнотини.

Прво искачување на Кичатна Иглата

Чед Келог и Џои Пурјар направија нова насока на Кичатна Иглата во алпинистички стил во средината на Јули, правејќи го со тоа осмото вкупно искачување на овој врв во Алјаска. Овие алпинисти се качувале по остриот гребен кој ги дели источната и јужната страна на оваа планина. Првите должини биле со оцена 5.10+ на источниот ѕид. На околу 300 метри под врвот тие застанале без решение за проблемите над себе, но по 200-метарско пречење над јужната страна, следено со камин од мраз (го поминале без опрема за качување мраз) стигнале до полесен терен и од таму до врвот.

Симнувањето на насоката го направиле со абзајлување и пречење и стигнале до глечерот по 25.5 часа во двата правци. Насоката е со име Црниот Кристал и има оцена 5.10 А2

Нова насока на Броад Пик(8047м)

Казачкото дуо Денис Урубко и Сергеј Самоилов направи нова насока во алпинистички стил по јужно-источната страна на Броад Пик(8047м) во Пакистан. Насоката има директна линија по оваа огомна страна во десно од нормалната насока (Западниот Гребен) на 12-тиот врв по височина во светот.

Урубко и Самоилов се аклиматизирале искачувајќи се до 7000 метри на Западниот Гребен пред да ја почнат својата линија. И покрај тешките снежни услови во Каракорам оваа сезона тие го започнале своето качување на 19-ти Јули. Насоката ја качувале една недела, поместувајќи го својот мал шатор секоја вечер сé повисоко качувајќи микс терен и во длабок снег. На врвот стигнале на 25-ти Јули, а во базниот логор се вратиле преку нормалната насока доцна следниот ден.

Корејци прават пречење на Нанга Парбат

Двајца корејски алпинисти го направија првото пречење на Нанга Парбат (8125м) во Пакистан по искачувањето на браќата Меснер во 1970година. Ким Чанг Хо и Ли Хјун Џо качиле насока во близина на Меснер насоката на Рупал Страната на Нанга Парбат, а по искачувањето на врвот се симнале по Дијамир Страната. Рајнолд и Гунтер Меснер во 1970 година беа првите кои се качија по Рупал и се симнуваа по Дијамир Страната, но Гунтер исчезна во близина на подножјето на планината – во лавина.

Соло на северните страни во Хималаите

29-годишниот Швајцарец Ули Штек се обиде да направи соло искачување на три тешки северни страни во близината на Еверест. Во средината на Април, Штек го направи првото соло искачување на екстремно тешката Северна страна на Чолатце, носејќи само 6-кг тежок ранец и бивакувајќи два пати – еднаш на страната, а втор пат без храна при симнувањето по Јужната Страна.

По една недела одмор, Штек ја солираше Источната Страна на Тавоче, избирајќи средно тешка насока на левата страна од Страната, избирајќи да не качува по опасната десна страна поради одрони. По само четири часа тој го постигна првото соло искачување на овој врв, а исто така ова качување било прво после седум години воопшто на овој врв

Следно на списокот било трето искачување на северо-источната страна на Ама Даблам (повторно соло), но опасните снежни услови го запреле Штек на околу 1000 метри под врвот.

Штек има качено нови насоки на Ајгер и Монт Дики на Алјаска, а ги има поврзано северните страни на Ајгер, Монх и Јунгфрау во 25 часа заедно со Штефан Зигрист.

Нова насока на Денали

Валери Бабанов и Рафаел Славински искачија нова насока на Денали во алпинистички стил. Насоката е со име Бескреан Директ и оди по јужно-западниот ѕид и тоа под Западното Ребро на Денали со кое се спојува по околу 2000 метри вертикално качување. Качувањето траело 14 часа со тежини од М4 и М5 – качувале паралелно скоро половина од насоката.

Две Први Хималајски искачувања
 
Француска експедиција направи две први искачувања на два врва повисоки од 7000 метри во Хималаите – северниот и централниот врв на Чомо-Лонзо. На 8-ми Мај наврската од Кристијан Тромсдорф, Јаник Грациани и Патрик Вагон се качија на северниот врв на Чомо Лонзо преку Северо-западниот Гребен.

На 16-ти Мај Стефан Бено и Патрик Глерон-Рапа искачија директна насока на Западната Страна на Чомо-Лонзо (северниот врв) стигнувајќи на врвот по три дена качување во алпинистички стил. На истиот ден првата наврска по Северо-западниот Гребен тргнува да направи пречење до центрланиот врв. На врвот стигнуваат на 21-ви Мај преку седлото помеѓу двата врва...

Вистинска цел на оваа експедиција било Северо-источната Страна на масивот и пречење до главниот врв, кој прв пат бил качен од француска експедиција во 1954 година како подготовка за Макалу(8463м). Но многу опасните снежни услови ги принудиле сепак да качуваат на западната страна на масивот.

Вистурс стигнува до 14-ката

По 16 години откако започна со проектот, Американецот Ед Вистурс се качи на сите 14 врва високи над 8000 метри. Последен врв кој го искачи беше 10-тиот највисок врв во светот - Анапурна (8091м) преку Северната Страна – насока која ја качија Французите во 1950 година.

Вистурс го започна овој проект качувајќи се на Кангченџунга(8586м) – три години откако Рајнолд Меснер стана првиот кој го заврши проектот „сите 14“. Тој има 45 години и е 12-тиот човек кој го завршил проектот, а во исто време 5-ти кој го направил тоа без да употребува боци со кислород.

Нова насока на Андромеда

Валери Бабанов и Рафаел Славински комплетираа уште една насока ви зимски услови во Канадските Карпести Планини. На 10-ти Април тие искачија нова насока на Северо-источната Страна на Монт Андромеда во областа Колумбија, движејќи се цик-цак по стрмната страна. Искачувањето траело 11 часа почнувајќи од колата и назад. Насоката е со најголема тежина М4, а е наречена М31...

Соло на Черо Торе

Арон Мартин направи ретко соло искачување на Черо Торе, а заедно со Американецот Џејкоб Шмиц се искачи и на Фиц Рој... Тоа е веројатно четврто соло искачување на Черо Торе во историјата, а е направено преку Компресор Насоката. Од базниот логор, до врвот и назад му биле потребни 16 часа.

Јану е добитник на „Златниот Цепин“

Руската експедиција која направи искачување на Северната Страна на Јану во Непал е добитник на наградата „Златен Цепин“ која се доделува секоја година во Франција за врвни алпинистички искачувања во изминатата година.

Женски тим на Черо Торе

Словенечките алпинистКи Моника Камбич Мали и Тања Грмовсек го направи првото искачување на целосно женски тим на Черо Торе, преку насоката Компресор. Искачувањето го направиле во три дена, една недела по првиот неуспешен обид.

Минатата година, Камбич Мали го направи првото искачување од целосно женски тим и на Фиц Рој преку Франко-Аргентинската насока заедно со Тина Ди Батиста - исто така од Словенија.

Почина пионерот на Ајгер - Хекмаер

Андерл Хекмаер кој беше водач на првото искачување на Северната Страна на Ајгер во 1938 година - почина на 98-годишна возраст. Тој ги водеше најтешките делови по страната и за искачувањето на најголемиот Алпски проблем во тоа време (а и денес) на неговиот тим му биле потребни три и пол дена.

Зимско искачување на Шишапангма

Тибетскиот гигант Шишапангма го доби своето второ „прво зимско искачување“. Пјотр Моракски од Полска и Симоне Моро од Италија се искачија на врвот на 14-ти Јануари.

Во средината на Декември Французинот Жан-Кристоф Лафаел направи соло искачување стигнувајќи на врвот на 11-ти Декември. Тој вели дека го направил првото зимско искачување поради временските услови и поради тоа што сезоната за зимски искачувања во хималаитре започнува на 1-ви Декември, иако официјално зимската сезона почнува на 21-ви Декември.

Без разлика кое искачување ќе се здобие со титулата, ова е прв пат такво искачување – во зимски услови, да не биде направено само од полски алпинист. Досега седум врвови над 8000 метри имаат добиено зимско искачување и сите се направени само од полски алпинисти. Сепак и во ова искачување има полски алпинист... Последен пат зимско искачување на врв над 8000 метри кое било направено било на Лотце во 1988 година.
kontakt@alpinizam.org