ВЕСТИ:

-Во 2010...,

-Во 2009...,

-Во 2008...,

-Во 2007...,

-Во 2006...,

-Во 2005...,

-Во 2004...

 

 

 

 

Ви презентираме инспиративни достигнувања на странски и домашни алпинисти кои нé инспирираат да работиме и понатаму со уште поголем интензитет.

Во 2006...

Новa насокa во Непал

Во периодот 15-ти до 18-ти Ноември Французите Стефан Бено и Фредерик Готарди направија нова многу тешка насока на мраз на Северната Страна на Квангде (6011м) во Непал. Насоката се вика „ Normal Routes Have Nothing Extraordinary“ и има технички тежини ED2/WI5, а висока е околу 1000 метри и се наоѓа во десниот дел од страната. При качувањето тие имале три бивака, а им биле потребни уште три дена и за симнување.

Убави нови насоки во Тибет

Чомо ЛариМарко Прецељ и Борис Лоренцич како дел од Словенската експедиција во регионот на Тибетско – Бутанската граница искачија спектакуларна насока на Чомо Лари преку Северо-Западниот Столб. Прецељ ја водел целата насока, а искачувањето траело шест дена од и до базниот логор. Тој изјавил: „Искачувањето е многу сериозна микс насока. Тешко е да се даде оцена за насока кога условите се менуваат секојдневно. Тоа беше сериозно качување во кое логистиката и изборот на тактиката беа поважни од „тешките движења на телото““ Тие сакале да се симнат по Јужниот Гребен, но тоа било премногу опасно и се симнале и абзелувале по насоката која ја качиле – во период од два дена. Во исто време Рок Благуш, Тине Кудер, Матеј Кладник и Само Крмељ се качија по Северната Страна на истата планина преку снежен кулоар долг околу 2000 метри. Ова искачување траело 4 дена.

Соло првенствени насоки на 8000 метри

Павле КозјекСловенецот Павле Козјек (47) искачи нова насока на јужно-западната страна на Чо Оју (8201м) во соло стил. Почнувајќи од горниот базен логор во 03:30 часот на 2-ри Октомври, Козјек искачи 1000 метри во сосема нов терен претежно од сенг и мраз од каде стигнал до Полскиот Гребен, а од таму до врвот. Најтешкиот детал бил на висина од околу 7200 метри каде имало скоро вертикален мраз кој го заобиколил по карпа со тежина од 5.6. И покрај длабокиот снег на Полскиот Гребен, Козјек стигнал на врвот по само 14,5 часа качување. За време на качувањето тој со себе носел само три термоси, шест енергетски гелови, резервни ракавици, бивак вреќа и камера. Симнувањето го направил преку нормалната насока стигнувајќи во базниот логор околу пладне следниот ден. Во 1989 година заедно со Андреј Штремфељ искачи во алпинистички стил нова насока на Шишапангма (8046м), а има направено и неколку тешки првенствени искачувања и во Перу.

Во исто време, на Шишапангма, Шпанецот Инаки Очоа де Олза (39) искачи во соло стил нова варијанта на северо-источната страна на оваа планина. Тој досега има искачено 11 од 14-те врва повисоки од 8000метри.

Нанга ПарбатНанга Парбат во зимски услови

Почнувајќи во Декември, Полска експедиција ќе стартува со својот обид за зимско искачување на Нанга Парбат. Тимот ќе биде под водство на 56-годишниот Кристоф Вјелицки кој е првиот човек кој се искачи во зимски услови на планина повисока од 8000 метри – Еверест во 1980 година. Од 14-те врва над 8000 метри, осум имаат зимски искачувања од кои сите се од Полски експедиции, но овој тренд во последно време како да опадна – 7-миот врв беше Лотце дури во 1988 година, а осмиот Шишашангма во 2005 година. Тогаш Полскиот алпинист Пјотр Моравски заедно со Италијанецот Симоне Моро се искачија на врвот како дел од тимот воден од Пољакот Јан Штулц. Овој човек ќе биде заменик водач на новопланираната експедиција.

Словенците во стил

И покрај лошото време Словенците направија одлични искачувања во Пакистан на Транго Кулите: Андреј Грмовсек и Силво Каро најпрвин се аклиматизираа со Александра, Тина и Тањанеколку нови насоки, а потоа направија прво еднодневно искачување на насоката Eternal Flame (5.12, М5) по „Безимената“ Кула. Ова веројатно е и воопшто првото еднодневно искачување на оваа Кула. Минатата година Мика Даш, Ник Мартино и Ренан Озтурк истата насока ја качија за 12 часа, но не стигнаа до врот поради големо невреме…

Во исто време женската екипа во состав Тина Ди Батиста, Тања Грмовсек и Александра Воглар направија искачување на истата насока по три дена качување и тоа е првото искачување од целосно женски тим. Батиста беше дел од целосно женското искачување на Фицрој во 2004 година, а Грмовсек во 2005 година дел од целосно женското искачување на Серо Торе. Нивен партнер во овие две искачувања беше Моника Камбич Мали.

Нова насока во Киргистан

Амба на Централна ПирамидаПолските алпинисти и браќа – Адам и Павел Пустелник искачија нова насока на Ортотубек (познат како Централна Пирамида) во долината Ак Су. Насоката има 21 должина и има оцени VI, 5.12d/13a и е крстена „Амба“. Таа се издига во централниот дел на западната страна на овој врв и целото искачување траело три и пол дена. Исто така овие алпинисти заедно со Славек Синдецки направија слободно искачување на насоката Перестројка со тежини VI, 5.12b на Руската Кула. Оваа насока беше слободно искачена за прв пат од француски алпинисти во 1993 година, а повторена во 28 часа од Грег Чајлд и Лин Хил во 1995 година.  Во близина на врвот Пик 4810 тие се обиделе на неименуван врв да качат нова насока, но по 22 должини се повлекле поради опасен одрон.

Врв на Армиските ТопографиНова насока на Русите

На 24-ти Август Руската експедиција се симна во Базниот логор по искачувањето на нова насока на Врвот на Армиските Топографи (6873м) во Тјен Шан – по абзелување на околу 30 должини. На врвот тие застанаа два дена претходно. Црвената линија е насоката по која се качуваа, а сината по која се симнуваа…

Инес Паперт

Паперт на „Пелисиер“

На 20-ти Јули, Инес Паперт од Германија, го направи првото женско (и третото воопшто) повторување на најтешката насока на северната страна на Чима Гранде (во Доломитите) – „Пелисиер“ (11 должини, 5.13 c/d) . „Камилото Пелисиер“ е искачена за прв пат во 1967 година – технички. Курт Астер кој го обезбедуваше Мауро Боле на првото слободно повторување на насоката во 2004 година и кој го повтори истото во 2005 година вели: „Насоката започнува со 200 метри превисно качување со добри фаќалишта, а обезбедувањето е на стари алпинистички клинови. Сидриштата се со експанзиони клинови...“ Со ова искачување Паперт се докажа како една од најдобрите жени – качувачи на долги насоки застанувајќи рамо до рамо со Лин Хил, Бет Роден Стеф Дејвис...

Лошото време стави крај на втората етапа

Лошото време во целиот масив на Каракорам ги принуди експедициите да завршат пред време – вклучувајќи ја тука и бугарската експедиција чија цел беше првенствена насока на Гашербрум 1. Урагански ветрови, магла, непрекинати внежи на снег – по три дена поминати на 6500 метри – во подножјето на северозападната страна на планината, Дојчин Бојанов и Николај Петков решија да ја прекинат нивната планирана акција поради лавинска опасност, слаба видливост и поради временската прогноза која не ветувала подобрување. Преку Скарду и Исламабад тие се враќаат во Софија на 16-ти Август.

Нанга ПарбатБугарите успешни во првата етапа

Од големиот план успешно реализирана првата етапа – искачувањето на Нанга Парбат (8125м). На 8-ми Јули Дојчин Бојанов и Николај Петков застанаа на врвот на оваа планина. Потсетуваме дека ова всушност е само аклиматизација, а вистинското искачување треба допрва да се случи. Тоа е искачување на Гашербрум 1 (8068м) по нова насока. Дојчин и Николај повикуваат да не се преувеличува искачувањето на Нанга Парбат и покажуваат голема скромност. На врвот оставиле бугарско знаме и икона од Св. Кирил и Методиј. Повеќе информации на www.climbingguidebg.com...

Ново од Перу

Ранрапалка и насокатаДоцна пишувам за ова но вреди да се спомене – преку е-маил Шакшама Колоски нé известува дека околу 26-ти Јуни заедно со Американецот Анугата Бах направиле искачување на насоката Scandinavian route на Северната страна на Ранрапалка (6150м) во Перу. Насоката е микс качување, долга е 900 метри и има тежина TD/TD+, со тежина на деловите со карпа до V. Нагиб 60-70 степени. По завршувањето на насоката не направиле искачување до врвот поради многу опасни лавински услови – бивакувале на платото… Се надеваме дека деновиве ќе добиеме уште информации за целото нивно патешествие…

Повторно во Перу

РанрапалкаМакедонецот Слободан Колоски - Шакшама и Американецот Анугата Бах се повторно заедно во Перу. Преку e-mail Шакшама нé извести дека прво ќе направат аклиматизација на Писко (5762м) – PD, а потоа планираат да направат искачувања на Ранрапалка (6150м) преку насока на северната страна со оцена D+ и должина околу 900 метри и на Хуандој (6395м) повторно преку насока на северната страна со тежина D+ и должина од околу 1100 метри. Планираат да бидат таму околу 40 дена – па се надеваме дека ќе поминат добро и набрзо ќе слушнеме нешто ново...

Нов Руски проект

На 11-ти Јуни започнува новиот проект – Северо-источната страна на Машербрум (7821м). „Таксана“ уште минатата година кога од страна на извидувачката експедиција била наречена „Супер Планина!“. 7-член тим (голем дел е од тимот кој беше на Јану) ќе го постави базниот логор на 4500мнв. Ѕидот се издигнува повеќе од 3 километри во вертикала!!! Стилот ќе биде сличен како тој на Јану – голем дел од насоката ќе биде со фиксни јажиња – стил „оспоруван“ од многу алпинисти. Сепак се работи за различни филозофии, но не може да се каже дека ова е „Руска“ филозофија: добар пример – Бабанов Валери, Јури Кошеленко... Како и да е...

Казакстанците со нова насока на Манаслу (8163м)

Сергеј Самоилов и Денис Урубко од Казакстан искачија нова директна насока по североисточната страна на Манаслу во алпинистички стил. Тие претходно се искачија до врвот по нормалната насока, а потоа по една недела одмор започнаа своја насока (црвената линија) - претежно снег и мраз но и микс терен во последните делови. За тоа им биле потребни пет дена. Минатиот Јули тие се искачија по првенствена насока на Броад Пик (8047м) – по југозападната страна. За тоа искачување им беа потребни шест и пол дена и повторно во алпинистички стил.

И Србите во Каракорум...

Под водство на Миливој Ердељан петчлена екипа ќе се обиде да направи искачување на два врва повисоки од 8,000 метри во Каракорум – Гашербрум 1 (8068м) и Гашербрум 2 (8035м). Проектот е наречен „Србија-Каракорум“ и започнува на 5-ти Јуни, а екипата планира да се врати во Белград на 19-ти Август. Сите членови на екипата се од Војводина, а нивни претходни успешни Хималајски искачувања се Шишапангма (8012м) во 2004 година и Монт Еверест (8850м) во 2005 година. Ова се значи втори наши соседи кои заминуваат во Каракорум и на нив исто така им посакуваме успех како на Бугарската експедиција која скоро во исто време заминува за Нанга Парбат и Гашербрум 1...

„Жежок“ Хималајски план на Бугарите

Во периодот (8-ми) Јуни-Август во Пакистан ќе се одвива Бугарска експедиција со цел – Дојчин Бојановискачување на два врва повисоки од 8000 метри – Нанга Парбат (8125м) и Гашербрум 1 (8068м). Прва цел е Нанга Парбат – по Дијамир страната (по насоката Кинсхофер). Членови на експедицијата се Николај Петков, Дојчин Бојанов, Тервел Керелов и Д-р Теменуга Копке.

По ова, Дојчин и Николај ќе „се преселат“ под Гашербрум 1 (Г1) каде ќе се обидат да се искачат до врвот по нова насока. Ова ќе треба да биде прв пат бугарска експедиција да се искачи на 2 врва над 8000 во една сезона и исто така прва првенствена бугарска насока… Првенствената насока планираат да ја изведат во чист алпинистички стил и без дополнителен кислород - по југозападното ребро на Г1 (уште познат како Хиден Пик - „Сокриен Врв“).

Турски успех на Еверест

На 24-ти Мај во 05:00 часот на Еверест се искачија 6 члена на Турската експедиција и 3 Шерпаси. Ова е прва самостојна Турска Експедиција на Еверест и тие го избраа северниот гребен. Експедицијата имаше вкупно 12 членови, а на врвот, од 6 члена – три се жени...

Телото на Томас Олсон откриено на 6700м на 21-ви Мај

Томас ОлсонТелото на Швеѓанецот Томас Олсон било пронајдено во 9:30 часот по локално време. Тој беше прогласен за исчезнат откако падна 2500 метри од 8500мнв. Заедно со неговиот партнер, Норвежанецот Тормод Гранхајм, тие сакаа да се симнат со скијање по северната страна на Монт Еверест (преку кулоарот Нортон) откако се искачија на врвот на 16-ти Мај. Наидувајќи на карпа висока околу 20-тина метри тие почнале да абзелуваат, но кога Томас почнал да абзелува, сидриштето се откачило и тој паднал. Тормод веднаш се симнал надолу да го најде, но тој ден го пронашол само неговиот цепин…

Двајцата „Викинзи“ како што беа познати, се спуштија со скии од Чо Оју во 2004 година, а во 2003 година од Мустаг Ата (7546м) и Куксај Пик (7186м) во Кина. Тие ова зимо се подготвуваа во Шамони, Франција каде што и живееја.

„Малиот Принц“ – нова насока на Чомо Лонзо Север

Валери Бабанов направи нова насока на оваа планина – но без да стигне до врвот. На 16-ти Мај во 6 часот наутро тргна од базниот логор (5900мнв) и стигна до почетокот на насоката (6000мнв). Насоката следи кулоар со мраз. Во 21 часот достигна височина од 6800мнв, но не успеал да најде соодветно место за поставување на шатор. Во телефонскиот разговор со пријателите – изразил Валери Бабановчудење како воопшто успеал таму да преспие – исто така било многу ладно и од време на време врнело снег…

На 17-ти Мај ја оставил опремата во бивакот и очекувал да стигне до врвот за 6-7 часа, но сепак насоката не била толку кратка, но исто така своја трага оставиле и непреспиената ноќ и заморот…

На гребенот стигнал во 21 часот - 7100мнв. Со тешко срце се решил да почне да се симнува – не сакал да помине уште една студена ноќ и по секоја цена да се качи на врвот - временските услови се влошувале. Во 4 часот на 18-ти Мај стигнал во својот шатор во базниот логор на 5900мнв. Валери ја крстил насоката „Малиот Принц“ и има висинска разлика од 1100 метри…

Австријка се искачи на 9 врва над 8000 метри

Австријката Герлинд Калтенбрунер се искачи на врвот на Кангченџунга во Неделата (14-ти Мај) заедно со четворица други алпинисти. Ова е нејзин 9-ти врв Герлинд Калтенбрунерповисок од 8000 метри – со тоа стана на некој начин рекордерка – ниту една друга жена тоа го нема направено до сега... Калтенбрунер има 35 години и прв пат достигнува 8000 метри на 23 –годишна возраст (1994 година – Броад Пик), а во последните 5 години се качи на седум врва високи преку 8000 метри без дополнителен кислород, вклучувајќи ја пречката југ-север на Шишапангма во алпинистички стил...

Слободно на Ангелските Водопади

Ангелски ВодопадиМеѓународен тим чии членови се: Стефани Бодет, Николас Калис, Арнод Петит, Тони Арбонес и Игор Мартинез направија повторување на насоката Rainbow Jambaia (31 должина и оцена 5.13) во слободен стил. Тоа е насока која е покрај самите Ангелски Водопади (Angel Falls) во Венецуела – некои можеби се сеќаваат на минатогодишната презентација на рускиот Алпинист на Ангелски Водопадиалпинист Александар Кленов во Скопје, кој зборуваше токму за тоа качување.

Овогодинешниот тим качувал 15 дена, минувајќи 12 ноќи на самата карпа. Ставиле само 2 експанзиони клинови кога ги поствувале полиците за преспивање, а како и во случајот на минатогодишното прво искачување, целата насока ја поминале со традиционални средства за обезбедување – карпата во најголем дел е превисна...

Казакстанска експедиција на Манаслу (8163м)

Денис УрубкоЦелта на експедицијата е нова насока во алпинистички стил.

На 7-ми Април Денис Урубко испратил СМС порака со следната содржина: „Пристигнавме во Базниот Логор на 4700мнв. Сите сме ОК, но јас имам тровање од синоќешната вечера. Тука сме први. Нема премногу снег, а Инаки (член на експедицијата) почна прв да работи на насоката – не дозволуваше никој да му помага. Поздрав до сите!“ Детали за оваа експедиција наскоро...

Голем мраз во Чиле

Во ЧилеХералд Бергер и Алберт Лајтфрид заедно со фотографот Херман Ербер (сите тројца од Австрија) искачија нова огромна насока на превисен мраз на височина од преку 4500мнв во Чиле. Тие ја откриле оваа насока на јужната страна на Серо Мармолехо (6100мнв). На истата планина во 2002 година Канаѓаните Бен Фирт и Емон Волш искачија насока од пет должини ( The Nook – WI6+), но на јужно-западната страна.

Поради лоши услови на оваа страна, Австријците се преместиле на јужната страна и откриле огромни мразеви. Резултат на тоа е насоката Senda Real (6 должини и тежина WI7+)

Во Руски стил: Проект „Алпи 2006“

Додека се занимававме со разно-разни искачувања на алпинисти во Патагонија, Русите си играат по свое: Три симултани искачувања во зимски услови на трите големи Северни Страни во Алпите – Ајгер, Матерхорн и Гранд Жораз. Искачувањата се направени од три тима од по 4 алпинисти од ист клуб од Краснојарск. Насоките се со технички тежини ED – екстремно тешки!!! Водачи на искачувањата – Николај Закаров и Валери Балезин. Искачувањата се направени во период 30-ти Јануари до 27-ми Февруари.

Тимовите: Гранд Жораз – Квостенко, Литвинов, Пуговкин и Циганков; Ајгер – Димитриенко, Аркипов, Малигин и Циганов; Матерхорн – Прокофиев, Глазирин, Родиков и Черезов

И покрај екстремно лошите временски услови (велат не очекувале на Алпите – Сибирски услови) – слаба видливост, силни ветрови и ново паѓање на снег, сите успеваат да се искачат на врвовите и безбедно да се симнат долу на топло чајче... Момците биле на 22/24-годишна возраст – Без коментар што би се рекло.

ФицројУште се качува на Фицрој

Кристал Дејвис-Робинс и Џон Волш се качија по насоката Казарото на Фицрој при што Дејвис-Робинс е веројатно првата жена која се качила преку овој класичен столб. Тие качувале 27 часа непрекинато, а Дејвис-Робинс (23-години) водела половина од насоката вклучувајќи ја и „ноќната смена“ – од 1 до 6 часот сабајлето. На врвот биле фатени во големо невреме и бивакувале во негова близина, по што повторно во лоши услови се симнале во базниот логор по 47 часа од тргнувањето. По 36 часа одмор тие се качиле на соседниот врв Понсено по насоката Виланс.

Словенците Рок Благуш, Томаж Јакофчич и Миха Валич направија второ целосно искачување на насоката Енсуењо – прв пат качена од италијански алпинисти во периот од пет дена во 1995 година. Насоката оди по северната страна на Фицрој во десно од Суперканалета и Словенците ја качиле за ден и половина во чист алпинистички стил. Во 1999 година свој обид на оваа насока имаа Роландо Гариботи и Силво Каро, но мораа да се симнат од горните делови на планината поради лоши временски услови.

Жаспер на нова микс насокаНова микс насока во Швајцарија

Роберт Жаспер и Маркус Штофер создадоа нова насока од 12 должини – во близината на Штаубахвасерфал во Швајцарија. Новата насока е висока околу 320метри и најтешките детали имаат тежина М9 и WI5+ . СЕПАК таа не е во континуитет искачена од почетокот до крајот поради променливите временски услови – мразот во еден дел бил стопен. Последните две должини се искачени откако до нив двајцата алпинисти стигнале со абзелување од врвот.

Фиц РојСлободно качување по Казарото насоката на Фицрој

Бин Баерс и Џош Вартон направија слободно искачување на насоката Казарото на Фицрој во Патагонија за време од 16 часа - од бергшрундот до врвот. Ова е веројатно првото слободно качување на 1200 метри високата насока на северо-источниот столб на Фиц Рој – исто така и прво искачување во еден ден. Двајцата Американци абзелуваа по насоката и се вратија во нивниот логор по 25 часа од тргнувањето. Насоката ја направил Италијанецот Ренато Казарото – соло во 1979 година.

Соло на огромен мразСолирање на огромен мраз

Американецот Вит Магро го солираше 700-метри високиот мраз – „ Losar”(WI5) во Кумбу регионот во Непал на почетокот на Февруари. Магро и Брејди Робинсон се волонтери во Алпинистичкото Училиште „Кумбу“ кое е водено од Фондацијата Алекс Лов... Магро го солирал мразот за време од четири часа земајќи со себе само едно јаже и еден тубуларен клин (специјален клин за мраз кој се навртува во мразот). Тој абзелувал по насоката и се вратил под мразот околу шест часа од стартот на качувањето.

Робиснон вели дека следни алпинисти кои би сакале да се качуваат по овој мраз веројатно ќе треба да добијат дозвола за тоа во Катманду.

На фотографијата се гледа мразот во средината и градот Намче Базар на дното.

Андерсон и Хаус добитници на Златниот Цепин

Златен ЦепинВинс Андерсон и Стив Хаус се добитници на овогодинешниот (15-ти по ред) Златен Цепин – награда која се доделува секоја година за најсилно искачување во претходната година. Меѓународно жири го награди искачувањето на овие двајца Американци од Септември минатата година за првото искачување на „дирктната“ Рупал Страна на Нанга Парбат во алпинистички стил – шест дена им беа потребни за каување и два дена за симнување. Ова е прв пат оваа награда да ја земат Американци.Минатата година Хаус беше номиниран за Златниот Цепин за новата насока која ја качи соло на К-7 во Пакистан.

Други номинирани искачувања за овогодинешната награда беа:

-Алесандро Белтрами, Роландо Гариботи и Ермано Салватера за нивата насока на северните падини на Серо Торе; -Штефан Гловач и Роберт Жаспер за нивната нова насока на Серо Муралон во Патагонија; -Сергеј Самоилов и Денис Урубко за првото искачување во алпинистички стил на Броуд Пик; -Ули Штек за неговите соло искачувања на Чолатце и Тавоче; -Јаник Грациани, Кристијан Тромсдорф и Патрик Вањон за нивните нови насоки на северниот и централниот врв на Чомо Лонзо во Тибет.

Штек соло по Северната Страна на Ајгер

Штек на АјгерВо средината на Јануари во период од пет дена, Швајцарскиот алпинист Ули Штек ја солираше насоката „Младиот Пајак“ која се наоѓа на Северната Страна на Ајгер. Ова е второ искачување на оваа насока – прв пат беше качена од него во 2001 година заедно со Штефан Зигрист. „Младиот Пајак“ е директна линија по овој 1800 метри висок ѕид и се наоѓа лево од „Харлин Диретисима“(1966). Оценета е 5.11 d A 2 WI 6 M 7 по првото качување.

Штек на АјгерШтек (29) има качено нови насоки на Монт Дики на Алјаска и Пумори во Непал, има многу соло искачувања – како минатогодишното на Северната Страна на Чолатце и Источната Страна на Тавоче во Непал.

Вредни Американци во Патагонија

На 22-ри Јануари Дејв Шарат и Фреди Вилкинсон искачија нова насока на Агуја Десмочада по јужно-источната страна. Во лоши временски услови при качување и симнување успешно ја искачија новата насока „The Sound and the Fury“ (5.11 А1). Колин Хејли со двајца Аргентинци се искачи на Агуја Гиламет, а потоа со Марк Вестман на Мермоз, Фицрој, Сент Егзепери и Рафаел во период од 12 дена. Хејли има 21 година и со ова ги има искачено сите поголеми(поважни) врвови од Фиц Рој масивот во две посети на Патагонија.

Жанет Бергман, Сара Гарлик и Кирстин Крамер беа принудени да бивакуваат на само три должини од врвот на Сент Егзепери, а потоа поради лоши временски услови се повлекоа, но отидоа на Рафаел кој успешно го качија со едно бивакување. Лиза Рендс и Кевин То се искачија на Сент Егзепери преку насоката Claro de Luna која има 22 должини .

Жан-Кристоф најверојатно загинат на Макалу

Жан-Кристоф ЛафаелЖан-Кристоф Лафаел, еден од најголемите француски модерни алпинисти се верува дека е загинат на Макалу(8481м) во обид да го направил првото соло искачување во зимски услови. Лафаел последен пат комуницирал преку сателитски телефон со неговата сопруга Катја во Четвртокот, на 26-ти Јануари од кампот на 7600 метри. Тој рекол дека планира да оди кон вровт следното утро. Со хеликоптер бил надлетан неговиот шатор, но немало знаци на живот. Се верува дека Лафаел исчезнал помеѓу овој камп и врвот најверојатно паѓајќи во креваса. Не може да се каже дали стигнал до врвот или не.

Лафаел има солирано многу тешки насоки во Алпите, има качено 11 врва од вкупно 14 повисоки од 8000 мнв, а во средината на Декември 2004 година направи и соло искачување на Шишапангма.
Copyright © 2005 Alpinizam.org