Словенечки алпинисти

Ви ги претставуваме биографиите на некои од најголемите имиња во алпинизмот во Словенија кои со своите неверојатни искачувања оставиле огромен впечаток во историјата на овој спорт и во светот. Нивните имиња се синоним за навистина екстремен алпинизам. Нивниот „успех“ не е случајност, а тоа го потврдува и „отчетот“ на Планинскиот Сојуз на Словенија, кој дава листа на сите Хималајски експедиции до 2004 година. Импресивно!!!

Томаж ХумарТомаж Хумар

Добитник на „Златен Цепин 1996 година“ и на неколку највисоки филмски награди за неговите искачувања и уште поневеројатни обиди. „Што и да правиш, прави со страст“ е мотото на човекот кој е прогласен за „Луд, но не и глупав“...

Силво КароСилво Каро

Ројал Робинс еднаш напиша: „Патагонија е неверојатно убава. Одете таму да планинарите, одете да фотографирате, но ако сакате сериозно да качувате треба да бидете пред сé мазохист и да имате многу слободно време...“

Павле КозјекПавле Козјек

Серо Торе во 1986 година... Негова најголема опсесија станува искачувањете на многу нови ED насоки во Кордилера Бланка, а за новата насока на Чо Оју беше номиниран за „Златен Цепин 2006“...

Марко ПрезељМарко Презељ

Добитник на „Златен Цепин 1991“ и „Златен Цепин 2006“. Серо Торе, Кордилера Бланка, Алјаска, Непал, Тибет - секаде во чист алпинистички стил и без компромис...

Славц Светицич Славц Светицич

Неверојатна биографија - многу нови насоки на Пакленица, Доломити, Алпи, Анди, Хималаи... И сето тоа - СОЛО. Ни требаа три дена да ја преведеме и пак не напишавме сé...

Стане БелакСтане Белак - Шрауф

Тешки зимски искачувања по словенечките карпи, заљубен во Даулагири каде прави искачувања скоро „од сите страни“... Помладите денес го нарекуваат свој Учител...

Миха ВаличМиха Валич

Во зимската сезона 2006/2007 се искачи на „сите“ 82 врва повисоки од 4000 метри во Алпите во период од 102 дена. Искачувањата ги направил во периодот од 27-ми Декември 2006 до 7-ми Април 2007...

 
Наскоро повеќе...

 

На 14-ти Јануари 2004 година, Планинскиот Сојуз на Словенија или поточно Комисијата за експедиции при ПСС, го дава извештајот за сите експедиции во кои учествувале Словенечки алпинисти од 1954 година до 2003 година. Се работи за документ кој е напишан на 13 страници (во ситен фонт) со преку 80 експедиции на различни планини... Ова е значи „официјален“ список. Веруваме дека има уште многу кои се „неофицијални“ и повторно - ова е само за Хималаите. И повторно - „Ништо не е случајно“...

Copyright © Alpinizam.org