Насоки кои ги поминавме при оваа посета:
- Пројс (250м, V);
- Дилфер (250м, V+);
- Комичи (500м, VII);
- Нормална насока (450м, III) |
Доломити - Август/2010г.
-19.08.2010, Игор Т.
Дилфер (250м, V+)
Оваа насока се наоѓа на западната страна на Големата Кула на Лаваредо (2999м)
Први качувачи: Ханс Дилфер и Вернер Фон Бернут во Август 1913г.
Детали: Насоката има висинска разлика од 250 метри и има 8 должини. Време на искачување: 4-5 часа.
Пристап: Пристапот се прави од планинскиот дом Ауронцо каде има паркинг во неколку нивоа. Од највисокиот паркинг следете ја патеката која кон исток започува да оди под карпата - треба да се дојде до седлото помеѓу Големата Кула и Западната Кула и со оглед на ситниот сипар ова е најлесен начин. Кога ќе се дојде до највисоката точка на седлото (каде има издлабено засолниште во карпата), се врти во десно и се оди кон западната страна на Големата Кула. Време за пристап: околу еден час.
Опис: Преку лесни скокови (II) се стигнува до широка тераса каде има мал заб до ѕидот. Преку тој заб се влегува во цврсти и експонирани плочести движења (V) кои со благо дијагонално движење во десно носат до почетокот на жлебот. Жлебот со пукнатина се следи во целата негова должина (околу 140 метри). Одлична карпа и линија со тежини V-/V+. Нема многу клинови, но пукнатината дава супер можности за чокови и френдови. Жлебот завршува на широк појас од каде преку две лесни должини (IV+/III) се стигнува до кружниот појас под врвот на Голема Кула.
Симнување: Преку тој кружен појас се излегува на јужната страна и на другиот крај се започнува симнувањето по Нормалната насока, која е добро означена, но има неколку експонирани движења по раскршен терен и се препорачува внимателно движење и шлем. До подножјето на карпата сметајте на 2 до 2 и пол часа симнување.
Повеќе детали: kontakt@alpinizam.org |
На оваа тема:
- Наши искачувања во Доломитите во 2010г.;
- Наши искачувања во Доломитите во 2008г.;
- Наши искачувања во Доломитите во 2005г.,
- Пол Пројс |