Насоки кои ги поминавме при оваа посета:

- Пројс (250м, V);

- Дилфер (250м, V+);

- Комичи (500м, VII);

- Нормална насока (450м, III)

Share

Доломити - Август/2010г.

-19.08.2010, Игор Т.

Комичи (500м, VII/VI(A0))

Оваа насока се наоѓа на северната страна на Големата Кула на Лаваредо (2999м)

Први качувачи: Емилио Комичи и Ѓузепе и Анџело Димаи на 12/14 Август 1933г.

Детали: Насоката има висинска разлика од 500 метри и има 18 должини. Време на искачување: 6-12 часа (голема разлика со оглед на тоа што може „да се заглави“ позади некоја наврска).

Пристап: Пристапот се прави од планинскиот дом Ауронцо каде има паркинг. Од паркингот се следи широкиот пат кон домот Лаваредо, од каде пак се продолжува кон седлото кон Патерно. Кога ќе се стигне до седлото се гледа насоката. За пристап до под насоката од домот Ауронцо е потребен околу еден и пол час.

Опис: Преку лесни скокови (II) се стигнува до широка тераса од каде потоа по кратко малку потешко движење (IV) се стигнува до помала полица од каде започнуваат најголемите тежини. Од тој момент генерално линијата е директна нагоре кон црните од вода делови во десниот дел од плочите, од каде пак се влегува во жлебот кој се спушта од кружната тераса под врвот. Овде околу жлебот теренот може да биде влажен и всушност и поради раскршениот терен под него иако полесни тежини сепак движењето не е многу брзо. Жлебот не се следи во целата негова должина, туку во делот каде завршува вертикалниот дел се прави пречка во лево (експонирана и хоризонтална IV+ од 30м). После нејзе по лесни 2 III-ки се излегува на кружниот појас под врвот.

Симнување: Преку тој кружен појас движејќи се во десно (гледајќи нагоре по карпата) се излегува на јужната страна од каде започнува симнувањето по Нормалната насока, која е добро означена, но има неколку експонирани движења по раскршен терен и се препорачува внимателно движење и шлем. До подножјето на карпата сметајте на 2 до 2 и пол часа симнување.

Повеќе детали: kontakt@alpinizam.org

На оваа тема:

- Наши искачувања во Доломитите во 2010г.;

- Наши искачувања во Доломитите во 2008г.;

- Наши искачувања во Доломитите во 2005г.,

- Пол Пројс

Copyright © Alpinizam.org