Насоки кои ги поминавме при оваа посета:

- Пројс (250м, V);

- Дилфер (250м, V+);

- Комичи (500м, VII);

- Нормална насока (450м, III)

Share

Доломити - Август/2010г.

-19.08.2010, Игор Т.

Пројс (250м, V)

Оваа насока се наоѓа на североисточната страна на Најмалата Кула на Лаваредо (2700м)

Први качувачи: Пол Пројс и Пол Рели на 6-ти Септември 1911г.

Детали: Насоката има висинска разлика од 250 метри и има 10 должини. Време на искачување: 3-4 часа. Пристапот се прави од планинскиот дом Ауронцо каде има паркинг. Од паркингот се следи широкиот пат кон домот Лаваредо, од каде пак се продолжува кон седлото кон Патерно. Кога ќе се стигне до седлото се гледа насоката. За пристап до под насоката од домот Ауронцо е потребен околу еден час.

Опис: Преку лесни скокови се стигнува до широка тераса каде во нејзиниот лев крај (гледајќи кон Кулата) се влегува во лесен жлеб. По искачување на жлебот (III) се оди во десно и се влегува зад забот кој прави мало седло со Најмалата Кула. Од овде по 10-тина метри плочест терен се стигнува до полица која се прeчи во десно 15-тина метри. Тука се стигнува до Плочата на Пројс (V) преку која движејќи се дијагонално во лево се стигнува до каминот (со тежини од III до V-). Каминот се следи во целата негова должина (околу 150 метри) до врвот на Кулата.

Симнување: Од врвот најпрво по две абзелувања се стигнува до седлото помеѓу Најмалата Кула и Пунта Фрида, а потоа по серија абзели се следи стрмниот Дилфер кулоар. Овде постои опасност од одрони и се препорачува носење на шлем. Потребно време за симнување - околу 1 час до подножјето на карпата.

Повеќе детали: kontakt@alpinizam.org

На оваа тема:

- Наши искачувања во Доломитите во 2010г.;

- Наши искачувања во Доломитите во 2008г.;

- Наши искачувања во Доломитите во 2005г.,

- Пол Пројс

Copyright © Alpinizam.org