Насоки кои ги поминавме при оваа посета:

- Пројс (250м, V);

- Дилфер (250м, V+);

- Комичи (500м, VII);

- Нормална насока (450м, III)

Share

Доломити - Август/2010г.

-19.08.2010, Игор Т.

Нормална насока (450м, III)

Оваа насока се наоѓа на јужната страна на Големата Кула на Лаваредо (2999м)

Први качувачи: Пол Громан, Франц Инеркофлер и Петер Залхер на 21-ви Август 1869 година.

Детали: Насоката има висинска разлика од 450 метри и има околу 20 должини со оглед на тоа што се прават неколку пречења. Постојат многу можности за сопствено обезбедување. Време на искачување: 3-4 часа.

Пристап: Пристапот се прави од планинскиот дом Ауронцо каде има паркинг. Од паркингот се следи широкиот пат кон домот Лаваредо и на половината, таму каде на патот е малата црква се следи слабо дефиниран пат (во лево) кон седлото помеѓу Големата Кула и Малата Кула. Насоката започнува 100-тина метри под седлото (годинава имаше токму таму снег како граница) каде се одвојува очигледна рампа во лево преку која се влегува во јужната страна. За пристап до под насоката од домот Ауронцо се потребни околу 45 минути.

Опис: Преку лесни скокови (II) се стигнува до делот каде е одвоен првиот голем заб од главниот ѕид. Од него во лево се продолжува кон други два заба по кои директно нагоре по други лесни скокови (II/III) кон средната тераса. Од таму се продолжува нагоре по десниот дел од страната кон широкиот кружен појас под врвот. Следејќи го појасот кон лево се влегува во логичен тек на широки жлебови кои носат до врвот. Теренот е лесен, но со чести кршливи делови и е потребно внимателно движење. Често е качувана оваа насока или и само симнувана (таа е пат за симнување од другите насоки од другите страни) и преку исполираните делови лесно се следи. Исто така таа е и маркирана!

Симнување: Насоката се симнува по истата линија за што се потребни 2 до 2 и пол часа.

Повеќе детали: kontakt@alpinizam.org

На оваа тема:

- Наши искачувања во Доломитите во 2010г.;

- Наши искачувања во Доломитите во 2008г.;

- Наши искачувања во Доломитите во 2005г.,

- Пол Пројс

Copyright © Alpinizam.org