Генерален покровител на алпинистичките искачувања во Перу, Доломитите(Италија) и Пакленица(Хрватска) во 2008г.

***Описи на насоките во Доломитите ***

„Алвера“ (IV+, 150m)

Оваа насока се наоѓа на југозападната страна на Монте Аверау (2647м)

Први качувачи: Албино Алвера, Уго Помпанин, Уго Илинг и Армандо Аполонио - на 29-ти Јуни 1945 година

Детали: Насоката има висинска разлика од 150 метри и има 7 должини. Време на искачување - околу 3 часа. Пристапот се прави од планинскиот превој Џау (2233м) каде има паркинг. За пристап до под насоката од таму е потребно околу еден час, а за враќање околу час и половина.

Опис: Насоката започнува во камин лево од очигледниот јужен гребен. До каминот има околу една должина качување по лесен, но експиниран терен со тежина II/III. До половина на карпата се следи очигледен каминест терен, а потоа по експонирана пречка која завршува во карактеристична ниша (овде е сидриштето и има кутија за потпишување) се продолжува директно нагоре до врвот. Теренот почнувајќи од пречката па нагоре изгледа тежок меѓутоа се наоѓаат добри фаќалишта.

Симнување: Од врвот има добро маркирана патека кон север - тоа е всушност виа ферата и во еден момент симнувањето се одвива по фиксирани скали и сајли.

Повеќе детали: kontakt@alpinizam.org

Други текстови за Доломити:

 

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08

 

Други искачувања ова лето:

- Пакленица (Хрватска),

- Перу

 

Галерии од овие искачувања:

- Пакленица,

- Доломити,

- Перу

 

Copyright © Alpinizam.org