Генерален покровител на алпинистичките искачувања во Перу, Доломитите(Италија) и Пакленица(Хрватска) во 2008г.

***Описи на насоките во Доломитите ***

„Mикелуци“ (IV+, 250м)

Оваа насока се наоѓа на јужната страна на Пиц Чиавазес (2828 м)

Први качувачи: Луиџи Микелуци, Вилијам Роџерс и Пјеро Слокович - на 14 Август 1928 година

Детали: Насоката има околу 8 должини - зависи колку ќе качувате наврзани во почетокот и во излезот од насоката каде може да направите „плус/минус“ една должина. Време на искачување - околу 2 и пол часа. Пристапот се прави од патот кој води кон планинскиот превој Села. На неколку места на патот - точно под јужната страна на оваа планина има простор за паркинг. За пристап до под насоката од таму е потребно околу 20 минути, а за враќање околу еден час.

Опис (црвената линија): Насоката следи лесен терен движејќи се во цик - цак по лесни кулоари и скокови со добри фаќалишта. Во средината на насоката, по втората забележителна ниша започнуваат плочести делови, меѓутоа лесни (иако експонирани) - ако се чита добро теренот и се има чувство за правецот на движење.

Симнување (белата линија): Насоката завршува на појасот кој ја сече планината на половина. Теренот е експониран и движењето на моменти е по тесна патека која оди преку целата вертикала - меѓутоа е добро обезбеден со сајли. Откако ќе заврши тој појас се доаѓа меѓу Чиавазес и Втората Кула на Села од каде по добро маркирана патека (повторно - експонирана!) се стигнува „на земја“. По убава планинарска патека се доаѓа под јужната страна на Чиавазес од каде назад до паркингот.

Повеќе детали: kontakt@alpinizam.org

Други текстови за Доломити:

 

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08

 

Други искачувања ова лето:

- Пакленица (Хрватска),

- Перу

 

Галерии од овие искачувања:

- Пакленица,

- Доломити,

- Перу

 

Copyright © Alpinizam.org