|
Генерален покровител на алпинистичките искачувања во Перу, Доломитите(Италија) и Пакленица(Хрватска) во 2008г.
***Описи на насоките во Доломитите ***
„Тренкер“ (V-, 180m)
Оваа насока се наоѓа на југозападната страна на Првата Кула на Села (2533м)
Први качувачи: Луј Тренкер и Ханс Пескота - во 1913 година
Детали: Насоката има висинска разлика од 180 метри и има 6 должини. Време на искачување - околу 2 часа. Пристапот се прави од планинскиот превој Села (2244м) каде има паркинг. За пристап до под насоката од таму е потребно околу половина час, а за враќање околу 45 минути.
Опис: Насоката е многу очигледна - го следи диедарот кој скоро вертикално ја сече оваа страна на карпата. Кога ќе се дојде до неговиот крај по една пречка од околу 20-тина метри по хоризонтална полица, се поминува уште еден краток каминест дел до излезот. Пукнатините кои се појавуваат во средината на насоката се добро „исполирани“, меѓутоа секогаш има добри фаќалишта за качување во расчекор и избегнување на тој лизгав терен...
Симнување: Се оди меѓу Првата и Втората Кула на Села од каде кога ќе се погледне надоле се забележува добро маркирана, но експонирана патека за симнување со детали II.
Повеќе детали: kontakt@alpinizam.org |
Други текстови за Доломити:
- Претставување на локалитетите,
- Наши искачувања во Мај '05,
- Наши искачувања во Август '08
Други искачувања ова лето:
- Пакленица (Хрватска),
- Перу
Галерии од овие искачувања:
- Пакленица,
- Доломити,
- Перу |