Генерален покровител на алпинистичките искачувања во Перу, Доломитите(Италија) и Пакленица(Хрватска) во 2008г.

***Описи на насоките во Доломитите ***

„Mариаканте“ (IV+, 400м)

Оваа насока се наоѓа на јужната страна на Пордоишпиц (2952 м)

Први качувачи: Џовани Батиста Пиаз и Вирџинио Децулиан - во 1932 година.

Детали: Насоката има 10 должини и дополнителни 200 метри кои по лесен терен (I/II) може да се качат движејќи се паралелно во наврска. Време на искачување - 3 часа. Пристапот се прави од планинскиот превој Пордои (2250 м) каде има голем паркинг. За пристап до под насоката од таму е потребен околу еден час, а исто толку и за симнување. Пристапот се прави по добра планинарска патека која се движи низ сипар, па симнувањето за да си ги зачувате колената можете да го направите и со жичара која оди до врвот.

Опис: Насоката започнува по маркантниот јужен столб на оваа планина кој се издигнува до половина на карпата. При врвот на овој столб има можност преку интересен детал да се премине на јужната страна. Прекрасна насока со „чуден“ почеток во првите неколку метри. Качувањето е по цврста карпа и иако на моменти експонирана сепак во рамките на споменатата техничка тежина.

Симнување: Прва опција - со жичара за 10-тина минути да стигнете до паркингот и да си ги зачувате колената. Втора опција - еден час по сипареста планинарска патека.

Повеќе детали: kontakt@alpinizam.org

Други текстови за Доломити:

 

- Претставување на локалитетите,

- Наши искачувања во Мај '05,

- Наши искачувања во Август '08

 

Други искачувања ова лето:

- Пакленица (Хрватска),

- Перу

 

Галерии од овие искачувања:

- Пакленица,

- Доломити,

- Перу

 

Copyright © Alpinizam.org