Игор и Весна

Зоран Мајсторски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ние на Пилав Тепе...

ПлочаВеројатно од самиот почеток – кога почнавме да „гребеме“ по насоките на Матка, постарите алпинисти во разговор ги споменуваа и другите локалитети каде тие качувале порано (и сега) и добро се сеќавам дека уште тогаш слушав за Пилав Тепе - карпа во близина на Радовиш. Го знаев само по име – не знаев ниту колку е висока карпата, ниту каква е по состав и квалитет, кој и што и кога качувал на неа – само името го знаев...

Пред некое време Зоран Мајсторски на еден од таборите повторно ми го спомена овој локалитет. Во краток разговор ми спомена дека сака да направи табор и дека се работи на локалитетот на негово уредување – го запомнав тоа Игор на „Квантас“повторно само како таков „обичен“ факт – дека некој работи таму и дека се забавува исто како ние на Матка, што е супер. Си реков дека би сакал да отидам и да го видам тоа место. Пред некој ден Зоки повторно нé контактираше – ни прати разни фотографии и плус фотографија од Пилав Тепе со означени насоки. Кога прв пат ја видовме карпата – веднаш посакавме да одиме и да качуваме на неа. Едноставно бевме фасцинирани од сликата. Многу ни се допадна. Веднаш му се јавивме на Зоки дека за 2-3 дена ќе отидеме таму и тој рече дека ќе не пречека и ќе ни го претстави локалитетот.

Едвај чекавме да дојде денот и утрото го контактиравме Зоки кој ни ги кажа деталите каде да се најдеме. Всушност многу е едноставно. Од Скопје се вози 120 километри - карпата се наоѓа многу блиску покрај патот Штип-Радовиш. На 2-3 километри после одвојувањето кон Неготино кога се оди од Штип кон Радовиш се Весна на „2 Роберта“доаѓа до ново одвојување кон селото Брест и Манастирот Св. Панталејмон. Автомобилот може да се паркира или веднаш покрај ресторанот на патот или малку погоре по патот пред манастирот од каде постои маркирана патека која по околу 5 минути не одведе точно под карпата.

Прво што се приметува е мовот. Едноставно карпата е покриена со мов. НО, тоа е само мал недостаток кој нам не ни го помрачи ентузијазмот – сепак треба внимателно да се качува, но само по првата насока се навикнавме на теренот и беше ОК. Прва насока преку која се запознавме со карпата беше „Младина 88“ (III+/IV+) , прв пат искачена од Најдовски Синиша и Николовски Тони на 17.04.1988 година. Потоа отидовме на насоките „2 Роберта“( III/IV+), „Квантас“(V/VI) и „Бозо“ (IV/VI-).

Весна на „Бозо“Насоките се доволно оклинчени (не сите), но има добри можности и за поставување на чокови и френдови во потешките детали. Во моментот кога ние бевме таму качувачи од Штип поставуваа сидришта – експанзиони клинови. Алпинистичките клиновите кои се поставени се стари, ’рѓосани и во плитки пукнатини (некои од нив) – треба да се биде внимателен во нивниот избор и евентуално поставување на дополнително обезбедување. Секако треба да се размислува и за нивна замена. Си поминавме супер како за прв пат и се надеваме дека наскоро повторно ќе го посетиме локалитетот.
Copyright © Alpinizam.org