Други локалитети:

- Матка;

- Демир Капија;

- Пилав Тепе;

- Остра Карпа;

- Солунска Глава

 

Вежбалишта:

- Св. Пантелејмон;

- Болдер на Водно;

- Трло;

- Охрид

Вежбалиште Св. Пантелејмон

„Во пазувите“ на Водно се крие вежбалиштето Св. Пантелејмон. Навистина се крие. Може да бидете на само неколку метра од него, а да не знаете дека под вас има карпа од 20-тина метри (во највисокиот дел). Исто така тешко е и да се стигне до тие неколку метра до карпата – сокриена во густата шума. Треба некој претходно да ви го покаже пристапот бидејќи сами – не верувам дека би се снашле во лавиринот на патчиња кои непрекинато се вкрстуваат.

Каде се наоѓа ова вежбалиште отприлика – патеката до карпата започнува од патот Средно Водно – Св. Пантелејмон и тоа некаде на 3.5 километри од Средно Водно. По тој пат има многу патеки кои се одвојуваат во лево и во десно па така мора да ја знаете вистинската. Карпата се наоѓа на само 20-тина минути пешачење. Значи на само 40-тина минути од домот имаме фино вежбалиште кое сепак поради кратките насоки веројатно најдобро е да се искомбинира со пешачење или со велосипед наместо со автомобил.

Местото под карпата е убаво заштитено – во летните периоди околната вегетација заштитува од сонцето, а во студените периоди од годината, карпата нуди заштита од северните ветрови.

Има неколку насоки – за сите има точки за поставување систем за обезбедување од горе (т.н. „топ роуп“) или пак некои и се оклинчени и може да се качат со водење од долу. Се надеваме дека наскоро и тука ќе се интервенира во менување на некои лошо поставени клинови. Има и лесни и тешки насоки, а тоа локалитетот го прави совршен за работење и со почетници. Карпата е превисна и тешките насоки иако кратки бараат добра техника на качување, а ако виснете во еден момент ќе останете така во воздух без да имате можност да ја допрете карпата и единствен пат е да бидете симнати до долу.

Оваа карпа и карпата (болдерот) на врвот се убави места за тренинг на Водно и одлични за нас кои живееме во Скопје за добар тренинг во комбинација со пешачење. Не смеат да бидат ретко качувани како што е случајот во овој момент, па ги повикуваме сите да се потсетат уште еднаш на: „Папе“, „Чупарде Миердо“, „Мравка“, „Џандар“, „Св. Пантелеј“, „Кацига“, „Урвис“, „Нерешки“, „Лажи Вере“, „Скупи“, „Гојзер“, „Трупче“...

На ова вежбалиште често одиме со наши пртијатели кои само сакаат да пробаат да качуваат или само да видат како тоа се прави или само да бидат со нас во природа – овој пат бевме со Ди Џеј Степиќ и тој научи да обезбедува „топ роуп“ во една инстант лекција...

- Игор T. (4/5 Ноември 2006)

Насоки на Матка:

- Козина;

- Фифи Клин;

- 4 Клина;

- „К“ насоките;

- Сантова насока;

- Црно - Бело

 

Текстови за некои искачувања на Матка:

- Клиновите на Матка;

- Ноќно на Матка;

- Соло качување;

- Соло на „4 Клина“;

- Чисто на кратките насоки;

- Чисто на „Ветерански“

Copyright © Alpinizam.org