Други теми:

- Пилав Тепе 04/2007...;

- Пилав Тепе 04/2006...;

- Други текстови од Зоран...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Нашиот колега од Радовиш, Зоран Мајсторски, ви го претставува местото каде тој најчесто тренира:

Пилав Тепе - Алпинистички локалитет „Плоча“

Одалечен од Радовиш на 12 километри, а од Штип 20 километри (може да се пријде и од Неготино), покрај магистралниот пат се наоѓа локалитетот Плоча. Карпата е висока 80-тина метри и на неа во моментов има 12 насоки (доволно оклинчени). Тежините на насоките се од III до VI (UIAA скала). Карпата по состав е гранитен базалт, но обрасната со мов и поради тоа треба да се качува со голема внимателност по врнежи од дожд. Најдобро време за качување е рана пролет до најжешките летни месеци и во есен (од Септември) затоа што карпата има југоисточна експонираност, а на 350мнв во лето е многу жешко за качување (исто така постои и опасност од змии отровници)

Насоки според тежините:

1.Левичарски (III,IV+); 2.Бозо (IV, VI-); 3.Квантас (IV, VI); 4.Штипски (III+, IV);

5.Централа (III, III+) (неискачен); 6.Радовишка (III+, IV+); 7.Синиша (III+);

8.Младина 88 (III+, IV+); 9.Два Роберта (III+, V+); 10.Тројка (IV-, V+);

11.Снејк (IV+, VI-); 12.Превис (IV-, VI-)

Кога прв пат ја видовме фотографијата веднаш посакавме да го посетиме овој локалитет (и најверојатно ќе биде така - за само два дена. Ќе ви ги пренесеме и нашите искуства)

За подетални информации можете да се јавите кај Зоки на телефони: 070/ 55 00 58 или 032/ 631 576

Copyright © Alpinizam.org