Директ IV / V+
Нова насока на Демир Капија (опис од Зоран Мајсторски)
Датум: 15.04.2006 година
Први искачувачи: Зоран Мајсторски – негов партнер беше качувач од Охрид на кој сé уште не го знаеме целото име и презиме но кога ќе го дознаеме веднаш ќе напишеме...
Местоположба: Насоката се наоѓа во лево од гребенот на насоката „Б2“ - и таа исто така е специфичен гребен, но помал и излегува наспроти големата пештера.
Почеток на насоката: Насоката започнува во централниот дел на гребенот каде што се наоѓа специфичен камин кој во горниот дел има дрво, а кој звршува со превис. Приодот е меѓу густите дрва.
Опис: Насоката започнува со камин кој е со тежина IV+ за подоцна да премине во превис кој е со тежина V+. На него има оставено 2 клина. По него продолжува плоча со тежина IV и дел од раскршени блокови по кои следува камин со тежина IV+. Над самиот камин е веќе постоечкото сидриште на насоката „Окно“ каде што има 2 сидришни клинови. Потоа насоката продолжува директно низ плочите кои се со тежина IV/IV+, а на почетокот има клин кој го покажува правецот каде треба да се движите. Се поминува покрај дрвото и директно нид двата мали превиси со тежина IV+ меѓу кои има мали плочи. Од таму се стигнува до друго дрво од кое се пречи во лево до специфичен жлеб и се излегува на самиот врв на карпата што е и крај на насоката.
Забелешка: Насоката е јужно експонирана и за цело време е на сонце – да се внимава при качување во лето. Во насоката се оставени 5 клина на клучните места и по еден на сидриштата додека на првото сидриште има е стар клин од насоката „Окно“. Да се внимава на ронливост. Има доволно места за чокови и френдови.
За повеќе инфо контактирајте го Зоран: alpinistzm@yahoo.com |