Радовиш Директ
Нова насока на Остра Карпа (опис од Зоран Мајсторски)
На 30-ти Мај 2009 година, Зоран Мајсторски и Гоце Јовановски, членови на АК Плоча од Радовиш искачија нова насока на Остра Карпа.
Еве дел од описот:
Насоката започнува со камин кој е многу мазен и неспецифичен низ кој тешко се минува покасно тежината се намалува но сепак се јавува нестабилност од црната мов каде се доага до под дрвото кој е со детали од А0 повеке заради безбедност од подлизгување. Од дрвото нагоре има еден лесен дел каде ке ви даде некоја лажна надеж но и добро место за собирање на енергија. По некоја логичност насоката ке ве натера во лево но покасно ке мора да се вратите во пукнатината и да не се замарате многу ке се помачите за да дојдете до сидриштето каде што исто така има детали од А0 повторно поради безбедност од подлизгување се до делот на 3 метри од сидриштето каде тежината се намалува.
Сидриштето е на мала тераса каде е комотно и има место да се организира целото сидриште.
Второто јаже кое полесно продолжува нагоре право по пукнатината каде има оставено еден клин за маркација и нагоре логично ке ве води насоката битно е да се внимава на црната мов и тревата да не биде причините за одлизгување. Сидриштето на второто јаже е веднаш до почетокот или крајот на сајлата во зависност од која страна доагате, над сидриштето се наога специфичен таван кој е со поголеми димензии. Од овде со пешачење по сајлата се излегува од насоката.
Повеќе фотографии и информации за оваа насока - на сајтот на АК Матка >>>>
|