Дома

Александар IV / VI-

Нова насока на Пилав Тепе (опис од Зоран Мајсторски)

Насоката „Александар“ПРВ ИСКАЧУВАЧ: Зоран Мајсторски - соло: во чест на неговото новородено синче - Александар

МЕСТОПОЛОЖБА: Насоката се наоѓа на левиот дел на карпата - централно под големите превиси. Почетокот е десно од Квантас, а потоа го сече и продолжува од неговата лева страна.

ПОЧЕТОК НА НАСОКАТА: Насоката започнува со мала плоча која е слабо експонирана - поточно започнува на 2 метри десно од Квантас.

ОПИС: Насоката започнува со мала плоча која е со благ агол и тежина од III+. Се продолжува до мал камин кој наликува на нос, за подоцна да се дојде до под малиот опис на „Александар“превис со тежина V кој се пречи во лево и ја сече насоката Квантас која продолжува во десно - од Квантас се користи еден клин. Насоката продолжува нагоре кон заглавениот камен каде што има поставено клин. Потоа се оди благо во лево, но косината му паѓа во поблаг агол и оцената му е IV овде - во висина од 4 метри има поставено 2 клина. Се доаѓа до мал специфичен камин за погоре да заврши со превис - на левата страна надвор од каминот во мала дупка е поставен клинот. Превисот е со тежина од VI- и во него има поставено 2 клина. Над самиот превис се наоѓа полица каде што има гнездо на гаврани. Насоката потоа продолжува во десно по специфична пукнатина од 4 метри и тежина од V- за подоцна да заврши со блага пречка во лево и тежина од V каде што има оставено 2 клина. Над самата пречка карпата е благо експонирана и тежината е III+ и има доволно места за чокови и френдови се додека не се дојде до заедничкото сидриште на Левичарски, Бозо и Квантас каде има два експанзиони клинови.

КЛУЧНО МЕСТО: Камин кој завршува со превис.

ВРЕМЕ НА ИСКАЧУВАЊЕ: 1 час, 75 метри

ЗАБЕЛЕШКА: Во смерот има доволен број на клинови но само над самиот превис има место повеке од 4 метри без клин да се внимава на ронливоста и на мовта, излезот се поминува со чокови и френдови.

Местоположба

За повеќе инфо контактирајте го Зоран: alpinistzm@yahoo.com

Copyright © Alpinizam.org