Дома

Кикиева насока III / V+

-опис од Зоран Мајсторски

Дата на искачувањето ............... 20.08.1998 г

Први искачувачи ...... Надир Мурсели и Зоран Мајсторски

Карпа .... Нежилова стена - Солунска Глава

Должина .................650 метри

Тежина .................... III до V+

Времетраење на првото искачување ........... 12 часа

МЕСТОПОЛОЖБА: Насоката се наоѓа на десниот и воедно краен врв гледано од изворите на реката Бабуна, поточно во специфичниот кулоар искршен од честите одрони.

ПОЧЕТОК НА НАСОКАТА: Насоката започнува во кулуарот искшен со карпи. Нема точно одредено место зашто повеќе од 150 метри се движевме во паралелна наврска. Сепак како за официјален почеток оставивме еден арматурски самоделски клин.

ОПИС: Како почеток на насоката ќе го земам поставениот арматурски клин кој официјално го означува почетокот на насоката. Од овде насоката продолжува директно низ каминот нагоре кој е со тежина III+ . Над самиот камин има добро место за сидриште кое е на 50 метри.

Со сличен ваков камин се продолжува до завршувањето на второто јаже кое е со тежина од III+ и над самиот излез од каминот има добро место за сидриште. Должината на цугот е повеке од 50 метри.

Над самото сидриште се јавува тераса со трева која е измешана со карпи и има должина од нешто помалку од 20 метри, а овде нема баш и некое качување и нема доволно места за обезбедување сé додека не се излезе до почетокот на карпите кои се со тежина од III+. Се оди до наредната тераса каде што има добро место за сидриште - должината и нешто подолга од 50 метри.

Десно од терасата се гледаат големи превиси кои можат да послужат како маркантно место. Насоката продолжува по специфичен гребен со тежина од III + сé додека не се стигне до втората тревната тераса и над нејзе се прави сидриште - должината е 60 метри.

Веќе од овде карпата добива вертикална експонираност и е со тежина од IV до IV+ на која може да се сретнат повеќе форми на самата карпа и веќе од овде е покомпактна, но има и помалку пукнатини за клинови и се стигнува до поголема тераса која е добро место за сидриште. Десно од оваа сидриште се наоѓа пештера која може да послужи како засолниште во некое невреме. Должината на цугот е точно 60 метри.

Должината започнува со плоча која е подолга од 25 метри, а е оскудна со пукнатини и е со тежина од V+ на која благо се пречи во лево за после да се излезе на самиот гребен, а тежината да се намали за малку и некаде над 50 метар се прави висечко сидриште.

Насоката продолжува во десно каде што е оставена една стара кајла за покасно повторно да се пречи во лево и повторно да се излезе на самиот гребен. На почетокот тежината достигнува од V- и за цело време варира, а должината е 50 метри. Сидриштето е на мала полица.

Осмата должина на јажето продолжува директно по гребенот на кој се наоѓаат мали превиси кои наликуваат на каскади. Тежината е IV, а најголемиот превис е V. Должината е 50 метри, а сидриштето висечко.

Последната должина на јажето е пократка од 50 метри. На почетокот се качува по гребенот со тежина од IV, за веќе на излезот да се намали тежината. Насоката завршува на самиот врв на карпата каде што исто така е оставен арматурски клин кој го означува крајот.

ЗАБЕЛЕШКА: Во насоката има оставено само еден клин, на почетокот има места за клинови, но поради составот на карпата и нејзината ронливост да се внимава на изборот на местата за клинови. КAРПАТА Е МНОГУ РОНЛИВА - се мисли на целата карпа која е на повисока надморска висина и трпи големи климатски влијаниа на топло и студено, а овде влијае и самиот состав на карпата. Пример на последните должини на јажето ќе паднеше камен со минимална големина незабележителен за нас, а веќе на подножјето на карпата се создаваше лавина од огромни размери. Карпата прима само клинови, а места за френдови и чокови - минимално. Ние носевме 60 метарско јаже и подобро е да се носи биколор поради абзел.

За повеќе инфо контактирајте го Зоран: alpinistzm@yahoo.com

Copyright © Alpinizam.org