Запотена Кајла, V+
Нова насока на Матка (опис од Зоран Мајсторски)
Први искачувачи: Бојан Митковски и Зоран Мајсторски - 25.11.2006
Местополжба: Насоката се наоѓа на 25 минути пешачење по патеката покрај езерото во правец на уливот на езерото. Специфични плочи кои на средината се пресечени со патеката.
Почеток на насоката: Насоката започнува веднаш од патеката за пешачење, под специфичен превис - искршен со блокови. Се влегува од левата страна на превисот.
Опис на насоката: Насоката започнува под превис кој е од искршени блокови, а потоа се пречи во лево за подоцна да се дојде над смиот превис и да се продолжи до специфичен жлеб кој цело време ја води насоката. Место за клинови нема, но има дрва кои можат да послужат за осигурување, а се наоѓа и по некоја пукнатина за чок и френд - сé до сидриштето кое е на 40 метри, а тежината е IV /IV+. Нa сидриштето има оставено 2 клина. Второто јаже е поекспонирано и тежината овде е V/V+ . Овде има оставено 4 клина на клучните места, а исто така има и неколку поголеми дрва за обезбедување. Сидриштето е на самиот излез на поголеми дрва.
Симнување: Пешачење до наредните два дола во лево, а потоа абзел од дрвата. Ако се носи биколор може да се направи симнување и по самата насока.
За повеќе инфо контактирајте го Зоран: alpinistzm@yahoo.com |