Првите алпинистички искачувања на Солунска Глава
- подготвено од Зоран Мајсторски
- ИЗВАДОЦИ ОД КНИГАТА „АЛПИНИСТИЧКИ ВОДИЧ - КАРПИТЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА“ издаден во 1977 од Златко Смерке
Првото официјално искачување на највисоката карпа во Македонија - Нежиловата карпа на Солунска Глава, забележано е во далечната 1936 година од Урош Жупанчич во соло стил каде што искачува насока со тежина III и детали од IV со должина од 700 метри. По негово име насоката денес e познатa како „ЖУПАНЧИЧЕВ СМЕР“. Наредните искачувања се случуваат после многу години - како поради војната, така и поради слабата организација - сé до 1952 година. Под раководство на загребски алпинисти се организира републички собир со цел - промоција на алпинизмот на тоа недоволно испитано подрачје и општо во Македонија. На овој собир искачени се седум првенствени насоки:
Насока бр 121 ЛЕВО РЕБРО НА ПРВАТА ГЛАВА Први искачувачи: Саша Блажук и Едвин Ракош 30.07.1952 Оцена: II/III; 200 м; 1час
Насока бр 122 ДЕСНО РЕБРО НА ПРВАТА ГЛАВА Први искачувачи: Саша Блажук и Едвин Ракош 31.07.1952 Оцена: III; 200 м; 3 часa
Насока бр 123 СРЕДНО РЕБРО НА ПРВАТА ГЛАВА Први искачувачи: Едвин Ракош и Иван Зафиров 02.08.1952 Оцена: III; 250 м; 3 часa
Насока бр 124 ЖЛЕБ ВО ВТОРАТА ГЛАВА Први искачувачи: Стјепан Јечич и Мирко Згага 03.08.1952 Оцена: III; 350 м; 3 часa
Насока бр 125 РАБОТ ВО ТРЕТАТА ГЛАВА Први искачувачи: Стјепан Јечич и Мирко Згага 02.08.1952 Оцена: III/IV; 450 м; 3 часa
Насока бр 126 ЖУПАНЧИЧЕВ СМЕР Прв искачувач: Урош Жупанчич 10.09.1936 Оцена: III/IV; 700 м; 4 часa
Насока бр 127 ЛЕВО РЕБРО Први искачувачи: Стјепан Јечич и Мирко Згага 31.07.1952 Оцена: III/IV; 700 м; 4 часa
Насока бр 128 ЦЕНТРАЛНИ СМЕР Први искачувачи: Саша Блажук и Едвин Ракош 01.08.1952 Оцена: V; 700 м; 8 часa
На карпата во поновата историја - во период до 1989 година, има уште неколку првенствени насоки. Некои од нив се искачени од страна на алпинистот Борче Јовчевски од Велес (учесник на сите македонски хималајски експедиции). Овие насоки се обележени со црвени линии, а тоа се насоките:
Насока А: Велешки 1 со тежина III
Насока Б: Велешки 2 со тежина III / IV
Насока В: Чеплес со тежина III / IV
И после овој период на оваа карпа се забележуваат првенствени алпинистички искачувања за кои ќе напишеме подоцна - кога ќе ги имаме деталните информации.
За повеќе инфо контактирајте го Зоран: alpinistzm@yahoo.com |