Дома

Кордилера Бланка - планините во Перу

Чопикалки и Копа

Приодот до југоисточните падини на Чопикалки (6354м) се прави директно од Хуараз – со комбе (такси) се стигнува до почетокот на патеката за приод за околу 3 часа. По патеката се стигнува за околу 6 часа до базниот камп на оваа страна на планината.

Југоисточниот гребен прв пат е качен во 1969 година, висинската разлика од базата е 2050 метри, а тежината TD-.

Источната (директ) насока е искачена во 1988 година. Висинската разлика од подножјето е 950 метри, а тежината TD.

Западниот гребен на Koпa (6188м) кој е и нормалната насока на оваа планина се гледа од Хуараз. Од овој град со комбе (такси) до почетокот на патеката за приод до моренскиот камп се стигнува за околу 30 минути, но за пешачење се потребни уште околу 7 часа. Западниот гребен прв пат е качен во 1932 година и има тежина од PD.

 

Copyright © Alpinizam.org