Дома

Кордилера Бланка - планините во Перу

Урус Источен Врв, Токлараху, Ишинка, Ранрапалка

База е долината Ишинка – поточно местото Колон до кое се стигнува од градот Хуараз за околу 1 час возење со комбе (такси). Од Колон до базниот камп се пешачи околу 4-5 часа.

Урус Источниот Врв (5420м) е совршен за аклиматизација. Нормалната насока оди преку југоисточните падини и источниот гребен. Искачена е во 1957 година и има 1040 метри висинска разлика од базниот камп. Тежината е PD-.

Токлараху (6032м) – Нормалната насока оди преку северозападниот гребен. Оваа насока е качена во 1939 година и има тежина D.

Западната директ насока – качена во 1980 година. Висинската разлика од подножјето на страната до врвот е 430 метри и тежината е D+.

Ишинка (5530м) – исто така добра планина за аклиматизација и за тие со малку искуство зад себе. Нормалната насока оди по северозападните падини и не се знае точно кога прв пат била качена. Тежината е PD-

Југозападниот гребен – прв пат поминат во 1954 година има оцена PD-. Тоа е гребен кој го прави седлото меѓу Ишинка со Ранрапалка.

Ранрапалка (6162м)

Нормалната насока оди преку североисточниот гребен (од седлото со Ишинка). Искачен прв пат во 1958 година има тежина D.

Северната страна има висинска разлика од околу 900 метри и прв пат е качена во 1975 година
Copyright © Alpinizam.org