|
Кордилера Бланка - планините во Перу
Чуруп, Чинчи, Кајеш, Мапараху, Сан Хуан, Хуанцан и Шакша
Приодот до сите планини се прави преку долината Куилкахуанка.
Базниот камп на Чуруп (5493м) се наоѓа покрај езерото Чуруп. Најубавите искачувања се прават на северозападната страна каде насоките се со висинска разлика од 450 метри од бергшрундот.
Базниот логор на Чинчи (6222м) се наоѓа во долината Тулпараху, а базниот камп на Кајеш (5721м), Мапараху (5326м) и Сан Хуан (5843м) е во долината Кајеш. Овие две долини всушност произлегуваат од долината Куилкахуанка.
Насоката преку северната страна и западниот гребен на Чинчи се добар вовед за потешките насоки на другите планини. Таа е качена во 1939 година и има тежина PD+ AD-. Западната страна на Кајеш е вистински предизвик. Насоките се високи околу 700 метри почнувајќи од глечерот, а најпозната насока е Германската насока, искачена во 1988 година со тежина TD+.
Нормалната насока на Мапараху (5326м) која оди преку југозападните и западните падини е најлесна насока за аклиматизација со оцена F.
Нормалната насока на Сан Хуан (5843м) е добар вовед за потешки насоки. Насоката оди преку северозападниот гребен и има висинска разлика од 900 метри од моренскиот камп. Првпат е искачена во 1958 година и има тежина AD+.
Приод кон Хуанцан (6395м) се прави од неколку различни долини во зависност од тоа на која страна сакате да качувате. Од долината Рахуколта се оди под западната страна, од Хуанцан и Кархуансканча под источната и североисточната страна, а од Шалап под северозападната страна. Со комбе (такси) се оди од Хуараз до местото Јанку за околу 1 час, а од таму за околу 8 часа се стигнува до базниот логор. Ова е највисоката планина на јужниот дел од Кордилера Бланка, а кога се гледа од север личи на К2. Нормалната насока оди преку северозападниот и северниот гребен и прв пат е помината во 1952 година.
Шакша (5703м) е првиот „драматичен“ врв кој се гледа кога се стигнува во Хуараз на пат од Лима. Приодот се прави преку селото Олерос де Хирапампа до кое се стигнува од Хуараз со возило за околу 1 час. Од ова село до базниот логор се стигнува за околу 5 часа пешачење. Насоката по западната страна започнува од висински логор на 5200м. Таа прв пат е помината во 1991 година и тежината е AD, а првото повторување е направено веројатно во 1997 година што ја покажува генерланата слаба посетеност на оваа планина. |
Поглавја:
- Вовед;
-
Санта Круз Гранде, Куитараху, Алпамајо, Таулираху и Артесонраху;
-
Ла Есфинге, Караз 1, Артесонраху, Пирамиде, Хуандој Северен Врв;
-
Хуандој Јужен, Западен и Северен Врв, Писко Западен Врв, Чакрараху Западен и Источен Врв, Јанапача, Чопикалки и Хуаскаран Северен Врв;
-
Хуаскаран Северен и Јужен Врв;
-
Чопикалки и Копа;
- Урус Источен Врв, Токлараху, Ишинка, Ранрапалка;
-
Валунараху и Окшапалка;
-
Чуруп, Чинчи, Кајеш, Мапараху, Сан Хуан, Хуанцан и Шакша
|