|
Кордилера Бланка - планините во Перу
Хуаскаран: северен и јужен врв
Северниот врв (6664м) на Хуаскаран и Јужниот врв (6768м) се два гиганти во срцето на Кордилера Бланка. Јужниот врв е највисоката планина во Перу, а во Јужна Америка – втор по популарност :).
До базниот камп се стигнува за околу 4 часа пешачење преку местото Мушо до кое се стигнува со комбе(такси) од Хуараз за околу 2 часа.
Хуаскаран: Северен врв (6664м)
Јужните падини преку Гарганта (нормалната насока) - прв пат искачена во 1908 година и има тежина PD+/AD-
Хуаскаран: Јужен врв (6768м)
Северозападните падини преку Гарганта (нормална насока) – прв пат качена во 1932 година и има тежина PD+/AD-.
Насоката Ескудо (на сликата)– една од најубавите директни линии до врвот. Прв пат качена во 1969 година има тежина D+.
|
Поглавја:
- Вовед;
-
Санта Круз Гранде, Куитараху, Алпамајо, Таулираху и Артесонраху;
-
Ла Есфинге, Караз 1, Артесонраху, Пирамиде, Хуандој Северен Врв;
-
Хуандој Јужен, Западен и Северен Врв, Писко Западен Врв, Чакрараху Западен и Источен Врв, Јанапача, Чопикалки и Хуаскаран Северен Врв;
-
Хуаскаран Северен и Јужен Врв;
-
Чопикалки и Копа;
- Урус Источен Врв, Токлараху, Ишинка, Ранрапалка;
-
Валунараху и Окшапалка;
-
Чуруп, Чинчи, Кајеш, Мапараху, Сан Хуан, Хуанцан и Шакша
|