Кордилера Бланка - планините во Перу
Хуандој Јужен, Западен и Северен Врв, Писко Западен Врв, Чакрараху Западен и Источен Врв, Јанапача, Чопикалки и Хуаскаран Северен Врв
Приодот се прави преку долината Лангануко – над нејзе се издигнуваат осум врва повисоки од 6000 метри. На север се издигнуваат четирите врва на Хуандој и двата врва на Писко, а на југ Северниот и Јужниот Врв на Хуаскаран и Чопикалки. Најлесен за искачување е Писко. Од него има спектакуларна панорама – во чисто време се гледаат сите врвови не само од оваа долина туку и од долината Парон. Околу Писко има 10 врва повисоки од 6000 метри...
Од градот Хуараз со комбе (такси) се оди до градот Јунгај за 1 час. Од таму се зема ново комбе (такси) кое застанува на патеката од која за 2-3 часа се стигнува до базните логори...
Хуандој Јужен Врв (6160м) – Североисточната страна по насоката на Ј.Астиер во соло стил искачена во 1979 година има висинска разлика од 850 метри и тежина TD.
Хуандој Западен Врв (6356м) – Североисточната страна по нормалната насока искачена во 1954 година. Висинската разлика е 850 метри и има тежина AD-.
Хуандој Северен Врв (6395м) – Источната страна (насоката лево) искачена од полски тим во 1976 година има висинска разлика од 1500 метри и тежина D. Нормалната насока (насоката десно) по оваа страна е искачена во 1974 година и има тежина D+, а висинска разлика од 1200 метри од почетокот на кулоарот.
Писко Западен Врв (5762м) – Нормалната насока по Југозападните падини на оваа планина е одлична за аклиматизација. Висинската разлика од моренскиот камп е 850 метри, а техничката тежина PD.
Чакрараху Западен Врв (6112м) – Јужната Страна преку Француската Директ насока – Техничката тежина е ED1-2 и има 950 метри висинска разлика.
Чакрараху Источен Врв (6001м) – Јужната страна преку насоката Џегер – прв пат качена во соло стил во 1978 година, има висинска разлика од 650 метри од бергшрундот и техничка тежина ED1.
Јанапача (5460м) – Западната страна преку нормалната насока е исто така одлична за аклиматизација. Искачена прв пат во 1959 година, има висинска разлика од 550 метри од работ на глечерот и тежина PD+.
Чопикалки (6354м) – позната и како источен врв на Хуаскаран и ова е одлична можност за аклиматизација и вовед во нешто посериозно: Југозападниот гребен прв пат е качен во 1932 година и има висинска разлика од 1550 метри од моренскиот камп. Техничката тежина е PD+/AD-.
Хуаскаран Северен Врв (6664м) –
Северо-источната страна (црвената линија - Француската директна насока) има висинска разлика од 1300 метри од нејзиното подножје. Прв пат качена во 1973 година со тежина TD/ED.
Северо-источниот гребен дава насока долга околу 2,5 километри со висинска разлика од 1500 метри. Прв пат качен во 1972 година има тежина ED1.
Северната страна преку насоката Парагот е искачена во 1966 година и има висинска разлика од 1400 метри од бергшрундот. Техничката тежина е ED.
|